Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

11.07.2011
УЈП не крои судбини, туку наплаќа данок
Дволични се изјавите на “А1“ дека наводно бара доследно и неселективно почитување и спроведување на законите за сите и за секого, кога целокупната јавност во изминатиот период беше сведок токму на спротивното. Од почетокот на даночната постапка, даночниот обврзник во ниту еден момент не соработуваше и ја попречуваше работата на даночните власти, што е спротивно на Законот за даночна постапка. Жал ни е што раководството на “А1“, кое е запознаено со точниот износ на даночните долгови, го доведува во заблуда уредувачкиот тим, новинарите на телевизијата и целокупната јавност, бидејќи на даночниот обврзник му се доставени сите даночни акти во кои е наведен износот на даночниот долг, за кои даноци должи, за кој период се однесува долгот ..., а на негова волја е транспарентно, јасно и јавно да ги објави, за што УЈП не се противи туку напротив претпочита да се објават. УЈП не крои судбини, туку наплаќа данок. Мерките и активностите на даночната администрација исклучиво зависат од секој даночен обврзник, односно дали плаќа данок или не. Во пазарни услови, судбината на компанијата и одговорноста од работењето ја има раководството и начинот на кој тоа раководство управува, во конкретниот случај со “А1“ ...
 
11.07.2011
Нов образец “ДДВ-05/1“
Ги информираме ДДВ обврзниците дека од утре/12.07.2011 година, при поднесување на известување за ДДВ-то содржано во залихите на добра наменети за натамошна продажба пред регистрација за целите на ДДВ, треба задолжително да го користат новиот редизајниран образец “ДДВ-05/1“ кој може да се преземе од веб страницата на УЈП. Новиот образец со поедноставена содржина е прилагоден за компјутерско пополнување...
 
29.06.2011
Прва работилница на FISCALIS во Македонија - „Права и обврски на даночните обврзници и даночните администрации“
Од 29 јуни до 1 јули 2011 година, за прв пат во Република Македонија се одржува работилница во рамките на програмата FISCALIS 2013, донесена од страна на Европската комисија - Генерален директорат за оданочување и царина (DG TAXUD). На работилница учествуваат 45 претставници од 23 европски земји кои ќе го презентираат своето искуство на тема „Права и обврски на даночните обврзници и даночните администрации“, а се со цел подобрување на даночниот систем на внатрешниот пазар преку ефикасно управување и размена на информации помеѓу националните даночни власти, како и со даночните обврзници.
 
08.06.2011
Даночни поттикнувања кај добивката и придобивки за мали и микро бизниси
Со последните измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр.47/2011) се имплементираат неколку новини во делот на оданочувањето на фирмите со данокот на добивка, од кои позначајни се воведувањето на оданочување на помалку искажаните приходи, новиот начин на пресметување на амортизацијата на нематеријалните и на материјалните средства, даночното поттикнување по основ на трошоците за уплатените придонеси во доброволен пензиски фонд и на трошоци за репрезентација, како и поедноставување на оданочувањето на малите и микро бизниси – обврзници на годишен данок на вкупен приход...
 
03.06.2011
Програма за “Лидерство и менаџмент“ – Дали јас би се следел себе си?
Дали треба само да раководиме или да бидеме лидери во она што го работиме е главниот акцент на Програмата “ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ“, која отпочна да се спроведува во Управата за јавни приходи. Програмата “Лидерство и менаџмент“ се спроведува во рамките на Проектот “Поддршка на даночните реформи“ финансиран од Европската унија (ИПА 2007) во соработка со холандски поддржаниот проект на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија