Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзниците дека со измените на Законот за даночна постапка (“Сл. весник на РМ” бр.88/2008) одредбите со кои се предвидуваше “Годишната сметка за изминатата деловна година се доставува до Управата за јавни приходи до крајот на месец февруари наредната година” се избришани. Годишната сметка за 2008 година на пропишаните обрасци “Биланс на состојба“ и “Биланс на успех“, се доставува до Централниот Регистар на Република Македонија.
Со најновите измени, се предвидува следното:
- Даночните обврзници кои согласно Законот за данок на добивка (“Сл. весник на РМ” бр. 80/93...159/2008), се регистрираат за целите на годишен данок на вкупен приход, до Управата за јавни приходи доставуваат само:
- Даночните обврзници кои согласно членот 39-а од Законот за данок на добивка, утврдувањето и плаќањето на данокот на добивка го вршат на Даночен биланс, до Управата за јавни приходи го доставуваат само образецот “ДБ“, најдоцна до 28 февруари 2009 година.
- Пријавата за регистрација на трговско друштво за годишен данок на вкупен приход (образецот “РДО-ВП”) и
- Даночен биланс на вкупен приход (образецот “ДБ-ВП”) за утврдување на годишниот данок на вкупен приход, најдоцна до крајот на месец февруари 2009 година.