Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
09.11.2020
ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА ОД ВИКЕНД БЕЗ ДДВ

Управата за јавни приходи информира дека започна со враќањето на целиот износ на ДДВ на граѓаните кои во текот на продолжениот „Викенд без ДДВ“ на 10, 11 и 12 Октомври ги скенираа фискалните сметки издадени согласно со прописите од областа на регистрирање на готовински плаќања и тоа за:

  1. купени македонски добра (производи) или користени услуги,
  2. машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) и софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) согласно одредбите од Законот за данокот на додадена вредност.

Во периодот на „Викенд без ДДВ“ по овој основ беше реализиран промет од 560 милиони денари, а на граѓаните ќе им биде исплатен износ од вкупно 67 милиони денари.
Управата за јавни приходи по исплатата на средствата од „Викенд без ДДВ“ ќе пристапи кон враќање на дел од данокот на додадена вредност којшто граѓаните го оствариле во третото тримесечје за месеците јули, август и септември 2020 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија