Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
08.12.2006
ДЕМАНТ - “Вечер“ (текст: “На свадба и погреб, попе дај фискална“; “Може фискална, но плата од државата!“)

Управата за јавни приходи ги демантира информациите изнесени во текстовите, “На свадба и погреб, попе дај фискална“ („ВЕЧЕР“, 6 декември 2006 година) и “Може фискална, но плата од државата!„ („ВЕЧЕР“, 7 декември 2006 година, стр. 5), а кој се однесуваат на најавите за фискализација на свештените лица во Р.М.

Истовремено ја информираме јавноста дека согласно постојната законска регулатива во РМ, свештените лица не подлежат на фискализација.

Според член 46, став 2 од Законот за персонален данок на доход (“Службен весник на РМ“ бр. 74/06 – пречистен текст), свешетниците и оџите како верски лица, персоналниот данок го плаќаат во годишен паушален износ врз основа на годишни решенија.

Според член 9 од Законот за регистрирање на готовински плаќања (“Службен весник на РМ“ бр.31 од 26.04.2001 година), обврската да се воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања не се однесува на:

• Даночни обврзници кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат според паушално утврден нето приход, освен таксистите.

Управата за јавни приходи најави дека согласно планираните 52 000 даночни обвзници, според проценките направени во 2003 година, до овој момент фискализирани се 78%. Останатите, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања се планираат да се фискализираат во наредниот период, во кои не се опфатени свештените лица.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија