Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
14.02.2007
Проект – Модернизација на Управата за јавни приходи

Проектот – Модернизација на УЈП ќе се реализира со финансиска помош од Холандската Влада, во висина од 2.960.000 долари, а ќе биде спроведен од страна на Меѓународниот монетарен фонд во соработка со Холандското Министерство за Финасии, а ќе трае до Април 2009 година.

Проектот има за цел издигнување на капацитетите на УЈП во процесот на наплата на даноците, од аспект на мобилизирање на дополнителни средства за поддршка на приоритетните државни расходи наменети за обезбедување на социјални и инфраструктурни услуги. Планираме да воспоставиме еден нов концепт на даночна администрација кој што се заснова на обезбедување на највисоко ниво на услуги за даночните обврзници, правична наплата и добро управување.

Новиот концепт опфаќа:

  • Прилагодување на услугите на даночните обврзници и програмите за зголемување на наплатата кон различните потреби за асистенција и кон ризикот од даночна евазија на големите, средните и малите претпријатија;
  • Обезбедување на даночните обврзници со првокласна услуга кои ќе бидат достапни на одредени сервисни точки, а исто така и преку телефон и интернет;
  • Имплементирање на даночни закони врз основа на модерни системи за проценка на ризикот, Што Ќе обезбедува услови сите даночни обврзници да плаќаат правичен износ на даноци - ни денар повеќе или помалку;
  • Создавање професионален кадар на даночни службеници преку воведување на нови методи на „извршување-наградување„, системи за евалуација на вработените и интензивни обуки.
  • Промовирање на доброто управување преку донесување на нов кодекс за однесување за даночните службеници, исто така и документ кој што ги пропишува правата и начинот на заштита на даночните обврзници, а исто така и преку извршување на редовни испитувања на мислењата на даночните обврзници за определување на нивото на нивното задоволство со нашите програми;
  • Воведување на нови информациони системи и технологии кои што ќе ни овозможат да ги извршуваме нашите задачи поефикасно и поефективно.

Како што ќе го подобруваме нашиот капацитет за наплата на даноците, истовремено ќе работиме и со социјалните фондови на интеграцијата на наплатата на даноците и социјалните придонеси, при тоа овозможувајќи им на работодавците да ги платат сите давачки од плати (персоналниот данок на доход, придонесите за вработување, пензиско и здравствено осигурување), во исто време и на едно место.

Преку овие реформи – и со поддршка на даночните обврзници, даночните службеници и Холандската Влада – се надеваме дека ќе ја трансформираме Управата за јавни приходи во една модерна даночна агенција и институција која ќе служи како модел во јавниот сектор.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија