Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека на 15 март истекува рокот за поднесување на Годишна даночна пријава (ГДП) за приходите остварени во 2006 година.
Против даночните обврзници кои не поднеле ГДП во законски пропишаниот рок, односно не ги пријавиле или помалку пријавиле приходи за 2006, Управата ќе преземе прекршочни мерки согласно Законот за персонален данок на доход.
За неподнесување на ГДП во законски пропишаниот рок на даночните обврзници ќе им се изрече глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1000 илјада евра во денарска противвредност, додека за непријавен или помалку пријавен приход законот предвидува глоба до 100% од износот на помалку пријавениот приход.
Управата информира дека, покрај приходите остварени по основ на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност, како нови приходи кои треба да се пријават во Годишната даночна пријава за 2006 година, се и приходите стекнати по основ на авторски права и права од индустриска сопственост (пишани, театарски, ликовни дела, дела од областа на архитектурата и кинематографијата, преводи, стручни и научни предавања и слични интелектуални услуги), како и други екстра остварени приходи.
За подетални информации околу начинот на поднесување на ГДП, даночните обврзници може да се обратат во Регионалните Дирекции на Управата за јавни приходи на чија територија се наоѓа нивното живеалиште, односно истите се регистрирани.