Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека објектите на даночните обврзници на кои се поставени налепници со долунаведените информации немаат обврска да издаваат фискална сметка.
Даночниот обврзник Петко Петковски данокот на доход
за приходите од вршење на дејност го плаќа според ПАУШАЛНО утврден нето приход
НЕ Е ФИСКАЛИЗИРАН
И НЕМА ОБВРСКА ДА ИЗДАВА ФИСКАЛНА СМЕТКА
МФ- Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Битола - Даночно одделение Струга, по решение бр. 10-9890/ПД53 на 03.03.2007 година
Станува збор за даночни обврзници кои согласно член 9 од Законот за регистрирање на готовински плаќања се ослободени од обврската да воведат и користат фискален апарат, односно истите данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат според паушално утврден нето приход.
Со цел информирање на граѓаните и имплементирање на Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и поради честите реакции и пријави од граѓаните дека овој тип на даночни обврзници не издаваат фискални сметки, УЈП пристапи кон бележење на објектите на овој тип даночни обврзници.