Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
18.04.2007
Пријавете неиздавање на фискални сметки и затајување на данок

Врз основа на пријави на граѓани на телефонската линија 198, Управата за јавни приходи изминатиот период откри и санкционира даночни обврзници кои работеле спротивно на законот.

Само за три месеци (од 01.01.2007 до 31.03.2007 година), на отворената телефонска линија 198, граѓаните пријавиле 820 случаи на неиздавање фискална сметка и 572 случаи за затајување на данок на даночен обврзник.

од 01.01.2007 до 31.03.2007 година
Опис на јавување                                          Вкупен број на пријави
Неиздавање на фискална сметка                                   820
Затајување на данок на даночен обврзник                   572
Барање на консултација                                                  125


Споредбено со истиот период од 2006 година, бројот на повици по сите основи е значително зголемен, што може да се види и од регистрираните податоци за првото тромесечие од 2006 година.

од 01.01.2006 до 31.03.2006 година
Опис на јавување                                         Вкупен број на пријави
Неиздавање на фискална сметка                                   225
Затајување на данок на даночен обврзник                   270
Барање на консултација                                                    49


По однос на пријавите, Управата за јавни приходи во координација со Регионалните дирекции и во соработка со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инсекторат за труд презема соодветни мерки, односно во сите пријавени случаи каде ќе биде утврдено дека даночниот обврзник не постапувал согласно законот, УЈП презема мерки за нивно санкционирање.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните сите случаи на неиздавање на фискална сметка и затајување на данок да ги пријавуваат на телефонската линија 198.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија