01.03.2010
Денеска сите даночни канцеларии ќе работат до 20 часот
Ги информираме даночните обврзници дека денес/1март 2010/, кој е и крајниот рок за поднесување на даночни биланси до Управата за јавни приходи, сите даночни канцеларии ќе работат до 20 часот.
Заклучно со вчерашниот ден/28 февруари/, до Управата за јавни приходи се поднесени вкупно 58.950 даночни биланси, од кои 39.539 поднеле правни лица за утврдување на данокот на добивка, и 19.411 мали и микро бизниси за утврдување на “годишниот данок на вкупен приход“.
Корисни информации