Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
22.02.2010
Прием на даночни пријави и на 27-ми и 28-ми февруари

Заради запазување на законскиот рок (28 февруари 2010) за поднесување на Даночните биланси, сите даночни канцеларии на УЈП низ Републиката ќе вршат прием на обрасци и за време на викендот, на 27-ми и 28-ми февруари 2010 година, од 08.30 до 16.30 часот.

Даночните пријави, без разлика на местото на седиште на даночниот обврзник, може да се поднесат и во Контакт Центарот на УЈП во Скопје (Градски Трговски Центар, 2-ри кат, над кино Милениум), во сабота од 09.00 до 20.30 часот и недела од 09.00 до 17.00 часот.

Истовремено, ги потсетуваме обврзниците дека прием на даночните пријави:
- Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ”)
- Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП“)
- Пријава за регистрација на трговско друштво за годишен данок на вкупен приход (образец “РДО-ВП“)
ќе се врши и на 1-ри март/понеделник, бидејќи крајниот рок за поднесување на истите се паѓа во неработен ден.
 

Со цел избегнување на метежите, апелираме даночните обврзници својата обврска да ја исполнат пред истекот на законскиот рок.

Според последните податоци на УЈП, заклучно со 19 февруари, 3.130 обврзници на данок на добивка поднеле образец “ДБ“, и 2.390 микро и мали бизниси поднеле Даночен биланс на вкупен приход.


Корисни информации:

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија