Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
16.02.2010
До 28 февруари - Пријавување на данокот на добивка и “годишен данок на вкупен приход“

Пријавување на данок на добивка

Правните лица, заради утврдување на данокот на добивка за 2009 година, имаат обврска да поднесат „Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“ (образец “ДБ”) и тоа:
- Правно лице/резидент на Република Македонија кое остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или
- Правно лице/организациона единица на правно лице кое не е резидент на Р.М. од вршење на дејност на територијата на Р.М.
*види подолу појаснување за начинот на пополнување на образец “ДБ“.


Пријавување на годишен данок на вкупен приход

Даночните обврзници кои оствариле вкупен приход во секоја од последните три години од кој било извор не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, односно доколку во 2007, 2008 и 2009 година, поединечно, остварениот вкупен приход по сите основи не надминува 3.000.000 денари, заради утврдување на “годишниот данок на вкупен приход“ имаат обврска до УЈП да поднесат:
- Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП“)
- Пријава за регистрација на трговско друштво за годишен данок на вкупен приход (образец “РДО-ВП“)
Напомена: Даночните обврзници кои веќе се регистрирани за целите на годишен данок на вкупен приход, доколку остварениот вкупен приход во 2009-та година не надминал износ од 3.300.000 денари, имаат обврска да достават само образец “ДБ-ВП“.

Даночни обврзници на “годишен данок на вкупен приход“ можат да бидат оние кои се основани како трговско друштво, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри.

Казни за задоцнето поднесување и неподнесување на даночни пријави

На даночните обврзници кои ненавремено или воопшто нема да достават даночни пријави во законски предвидениот рок 28 февруари 2010 година, Управата за јавни приходи ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2000 до 3000 евра во денарска противвредност, како и глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противредност на одговорното лице на правното лице.

_______________________________________________________

 

Начин на пополнување на образец “ДБ“
ВТОР ДЕЛ – „Податоци за остварениот финансиски резултат и за распределбите“


Поради честите јавувања на даночните обврзници во врска со пополнувањето на „Даночниот биланс за оданочување на непризнаени расходи“ (образец “ДБ“) за периодот 2009 година, во прилог е дадено објаснување за начинот на внес на податоци во II (вториот) дел – „Податоци за остварениот финансиски резултат и за распределбите“ од даночната пријава за утврдување на данокот на добивка.

Во делот под точка З. СМЕТКОВОДСТВЕНА ДОБИВКА/ЗАГУБА ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ“, податоците од реден број 52 до реден број 57 се преземаат од обрасците кон Годишната сметка составена за 2009-та година на начин прикажан во табелата:

Ред.бр. Опис АОП Годишна сметка за 2009-та година
АОП Од образец БУ или БС
З. Сметководствена добивка / загуба пред оданочување
52 Добивка за деловната година по оданочување со данокот во непризнаените расходи 58 277(БУ) БУ – мали субјекти
244(БУ) БУ – средни и големи субјекти
53 Загуба за деловната година по оданочување со данокот во непризнаените расходи 59 278(БУ) БУ – мали субјекти
245(БУ) БУ – средни и големи субјекти
54 Исплатен аванс на дивиденда во даночниот период 60   Пополнуваат субјектите кои во 2009-та година исплатиле аванс на дивиденда
*износот треба да се совпаѓа со податоците од АОП 22, АОП 23 и АОП 24 од образецот ДД-ИД (∑- збир)
55 Исплатена дивиденда од распределената на добивка и слободните резерви од претходната година 61   Пополнуваат субјектите кои во 2009-та година извршиле исплата на дивиденда од добивката остварена со ГС за 2008 година, односно од резервите и од нераспределената добивка остварени со состојба на 31 декември 2008 година
56 Акумулирана нераспределена добивка и слободни резерви во периодот од 01.01.2009 година 62 071(БС)
или
Се внесува податок од Биланс на состојба за 2009-та година (колона 4) односно од конто 275-нераспределена добивка за финансиската година - 2009-та или

052(БС)

+
049 (БС)
Се внесува податок од Биланс на состојба за 2009-та година (колона 4) односно од конто 951 – добивка за финансиската 2009-та година , доколку не е искажано преку контото 275, односно доколку директно е распределено во корист на добивката за финансиската година и контото 949 – Останати резерви
57 Акумулирана непокриена загуба од 01.01.2009 година 63 053(БС) Се внесува податок од конто 961 – Загуба за финансиската година
Ѕ. Посебни податоци за вториот дел
58 Износ на пренесени нераспределени добивки утврдени со состојба на 31 декември 2008 година и на резерви што можат да се распределуваат, намалени за износот на искажаните непокриени загуби, износот на законските резерви и на статутарните резерви утврдени со договор, односно статут на друштвото 64 (БС од Годишна сметка за 2008) (АОП 049 + АОП 050 + АОП 052 + АОП 071) – (АОП 051 + АОП 053) > 0 (колона 4) од Биланс на состојба кон Годишната сметка за 2008 година
59 Износ на пренесени непокриени загуби утврдени со состојба на 31 декември 2008 година кои се пренесуваат на терет на нераспределените добивки остварени по 2008 година 65 (БС од Годишна сметка за 2008) (АОП 049 + АОП 050 + АОП 052 + АОП 071) – (АОП 051 + АОП 053) < 0 (колона 4) од Биланс на состојба кон Годишната сметка за 2008 година

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија