Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
16.02.2010
Поднесени 60.087 Годишни извештаи

Според последните, но не и конечни податоци, 60.087 даночни обврзници поднеле годишни извештаи за исплатени приходи во 2009 година, со што се исполнија и очекувањата на Управата за јавни приходи.

Поради големиот интерес од страна на јавноста и медиумите, Управата за јавни приходи информира дека до сега, секоја година, и покрај информирањето и апелите на УЈП за навремено поднесување на извештаите, дополнителното ангажирање на капацитетите на УЈП, работа на даночните канцеларии за време на викендите со цел навремен прием на даночните пријави, вообичаена пракса беше голем број на даночни обврзници секогаш да доцнат со поднесувањето. Поради бројноста на недисциплинираните даночни обврзници, а се со цел да се стекнат навики за исполнување на обврската, не се изрекуваа казни за задоцнето поднесување на обрасци.

Ова го потврдува и динамиката на поднесени годишни извештаи за 2008 година. Во изминатата година само 23.131 даночни обврзници го запазиле рокот, што е околу 50% од вкупниот број кои поднеле годишен извештај, односно 47 546. Ваквата појава и пракса на задоцнето поднесување на обрасци, не само за годишните извештаи, туку и за сите даночни пријави кои се доставуваат до УЈП, дополнително ја отежнува работата на даночната администрација во делот на обработката на податоците. Постојат и екстремни случаи кога стопанственици поднесуваат образец дури 30 дена по истекот на рокот и таквата пракса кај истите се повторува.

Управата ќе инститира на точно запазување на роковите и изрекување на казни не само за неподнесување, туку и за задоцнето поднесување на даночните пријави и извештаи. Во интерес на УЈП и на сите даночни обврзници е да се запази рокот и да не се изрекуваат казни.

Што се однесува пак до реакциите на даночните обврзници од штипскиот регион, но и од другите Регионални дирекции, во делот на изречените казни за ненавремено поднесени даночни пријави за ДДВ, ве информираме дека заради благовремено сервисирање на даночните обврзници, посебно во делот на враќањето на ДДВ-то, гореспомената мерка еднакво ќе се применува за сите даночни обврзници.

Од почетокот на 2010 година, конкретно за подрачјето на Регионална Дирекција Штип, поднесени се вкупно 623 прекршочни пријави за ненавремено поднесување на ДДВ пријава и 621 за воопшто неподнесени пријави. Само за подрачјето на Куманово, оваа бројка изнесува 158 за ненавремено поднесени и 229 за неподнесена пријава. Состојбата за Свети Николе е следна: 26 ненавремено поднесени и 43 неподнесени пријави.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија