Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
11.02.2010
До 15 март - Поднесување на Годишна даночна пријава за остварените приходи во 2009

Се наближува крајниот рок, 15 март 2010 година, до кога граѓаните треба да ги пријават остварените приходи во изминатата година до Управата за јавни приходи. До денес, само 698 физички лица ја исполниле својата обврска, а се очекува над 150 илјади граѓани да поднесат Годишна даночна пријава до крајот на рокот.

Граѓанинот, како даночен обврзник на персонален данок на доход, има обврска сите приходи остварени во земјата и во странство во текот на календарската 2009 година, задолжително да ги пријави со поднесување на Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).

Граѓанинот кој во текот на годината остварува само приход од плата, пензија, земјоделска дејност или самостојна дејност, не е должен да поднесува Годишна даночна пријава.

Обврска да поднесе годишна даночна пријава има и граѓанинот кој во текот на календарската 2009 година остварил приходи само по основ на:

• приходи по други основи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход (пр. приходи од закупнина-кирија, приходи од дивиденди, приходи од камати, капитална добивка од продажба на хартии од вредност, добивки од игри на среќа и наградни игри и други приходи)
• лични примања од странство
• лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на претставништва кои уживаат дипломатски имунитет и кои сами го утврдуваат и плаќаат данокот.


Побарајте пресметка за исплатените приходи од страна на вашиот работодавач!

Доколку работодавецот (исплатувачот на приходи), ви нема доставено пресметка/потврда за приходот кој ви го исплатил, пресметаниот и уплатен данок, истата побарајте ја. Работадавачот има обврска најдоцна до 15 февруари 2010 година да ви ја достави пресметката за исплатените приходи во 2009 година, која треба да ги содржи следните податоци:

  • износот на бруто-приходот,
  • износот на одбитоци,
  • износ на лично ослободување, и
  • пресметаниот и платениот данок.

Само врз основа на овие податоци ќе можете да ја пополните Годишната даночна пријава.


Каде да ја поднесете Годишната даночна пријава?

Пријавата се поднесува до даночните канцеларии на УЈП, според местото на живеење на граѓанинот, од 08.30 до 16.30 часот или преку пошта.
Граѓаните од другите градови, кои привремено живеат и работат во Скопје својата даночна пријава може да ја поднесат и во Контакт Центарот на УЈП лоциран во Градски Трговски Центар (2-ри кат, над кино Милениум), секој ден од 09.00 до 20.30 часот освен недела.
 

Порано е секогаш подобро!
Апелираме граѓаните својата обврска да ја исполнат што порано, со цел избегнување на метежот во даночните канцеларии во последните денови пред истекот на рокот за поднесување на даночната пријава.

На граѓаните кои со задоцнување или воопшто нема да поднесат Годишна даночна пријава до 15 март 2010, УЈП ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.
 

Корисни информации

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија