Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
08.02.2010
Истекува рокот за поднесување на Годишни извештаи

Прием на годишни извештаи и на 13-ти и 14-ти февруари
Заради запазување на рокот за поднесување на Годишните извештаи, сите даночни канцеларии на УЈП низ Републиката ќе работат и за време на викендот, на 13-ти и 14-ти февруари 2010 година, од 08.30 до 16.30 часот.

До 5 февруари, само 2.116 даночни обврзници ја исполниле својата обврска и поднеле образец “ПДД-ГИ”, односно “ПДД-ГИ/ОЗП”.

Изминатата година до УЈП беа поднесени 47 546 годишни извештаи, што значи голем број од исплатувачите на приходи сеуште не ја исполниле својата обврска.
Според податоците на УЈП, бројот на поднесени извештаи за исплатени приходи во 2009 година треба да достигне шеесет илјади. За разлика од претходните години, од оваа година обврска да поднесуваат извештаи имаат и исплатувачите на приходи кои вршат откуп на земјоделски производи од физички лица.

На даночните обврзници кои ненавремено или воопшто нема да достават Годишен извештај образец “ПДД-ГИ”, односно “ПДД-ГИ/ОЗП”, во законски предвидениот рок 15 февруари 2010 година, Управата за јавни приходи ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, како и глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противредност на одговорното лице кај исплатувачот на приходите.


Корисни информации:

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија