Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
29.01.2010
До 15 Февруари - Поднесување на Годишни извештаи за исплатените приходи за 2009

1) Исплатувачите (правни лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др.) кои извршиле исплата на приходи по следните основи:

  • лични примања
  • приходи од авторски права и права од индустриска сопственост
  • приходи од капитал
  • приходи од имот и имотни права (закупнини)
  • добивки од игри на среќа и други наградни игри и
  • други приходи за кои данокот на доход не се утврдува со решение на Управата за јавни приходи

за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, должни се до УЈП да поднесат Годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзниците (образец “ПДД-ГИ”), за пресметаниот и платениот данок и придонесите, како и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во 2009 година.

2) Исплатувачите кои вршат откуп на земјоделски производи од физички лица должни се до УЈП да достават Годишен извештај за исплатените приходи во 2009 година при откуп на земјоделски производи од физички лица (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”).


Обрасци за поднесување на Годишни извештаи

Годишните извештаи се поднесуваат на обрасците “ПДД-ГИ” и “ПДД-ГИ/ОЗП” кои треба да ги преземете од веб страницата на УЈП или да ги побарате во даночните канцеларии на УЈП.

Пополнетиот образец со податоците за исплатите извршени во 2009 година, исплатувачот е должен да го поднесе до УЈП, најдоцна до 15 февруари 2010 година.

Годишните извештаи, без разлика на местото на седиштето на даночниот обврзник, може да се поднесат и во Контакт Центарот на УЈП во Скопје (Градски Трговски Центар, 2-ри кат, над кино Милениум), секој ден од 09.00 до 20.30 часот освен недела.


Предвидени казни за неподнесување на Годишен извештај и
неиздавaње на пресметки на физичките лица

На обврзникот на данокот - исплатувач на приходите, Управата за јавни приходи ќе му изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ако:

  • на обврзникот при секоја исплата на приход не му издаде примерок од пресметката за аконтација на персоналниот данок и платените придонеси, како и збирен податок за вкупно платената аконтација по истекот на 2009 година, а најдоцна до 15 февруари 2010 година.
  • до УЈП не достави Годишни извештаи (обрасците “ПДД-ГИ” и “ПДД-ГИ/ОЗП”), најдоцна до 15 февруари 2010 година.

Истовремено, за направениот прекршок, на одговорното лице кај исплатувачот на приходите, ќе му биде изречена глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противредност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија