Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28  
Recnik
06.02.2026
Даночна сезона 2026: поедноставени режими на оданочување

Со цел поголема транспарентност, Управата за јавни приходи ја информира јавноста за исполнувањето на законските даночни обврски во овој период од годината. Даночната сезона за 2026 година започна со донесување даночни решенија за утврдување на данокот за одредени категории даночни обврзници кои се опфатени со поедноставени режими на оданочување.

Имено, даночниот систем се темели на принципот на самооданочување, според кој даночните обврзници самостојно го пресметуваат и пријавуваат данокот. Покрај тоа, системот вклучува и оданочување со даночно решение, кога УЈП го утврдува данокот за одредени категории даночни обврзници за кои е пропишан поедноставен режим.

Во рамки на даночната сезона за 2026 година, Управата за јавни приходи донесе 4.135 решенија за паушално оданочување, со вкупно утврден данок во износ од 85.723.023 денари.

Паушалното оданочување се применува кај самостојни вршители на дејност, занаетчии кои дејноста ја вршат со сопствен труд, кои поради одредени околности не се во состојба да водат деловни книги (како што се крпачи на кондури, бербери во помали места и слично). Висината на данокот се утврдува врз основа на однапред утврдени критериуми, имајќи ги предвид одредбите од Законот за данокот на личен доход, а не врз основа на реално остварениот приход.

Услов за користење на паушалното оданочување е даночниот обврзник да не остварува приходи повисоки од две годишни просечни бруто-плати по работник во Република Северна Македонија, согласно податоците на Државниот завод за статистика.

Даночните обврзници кои имаат право да се оданочуваат според паушално остварен нето доход, беа должни најдоцна до 31 декември 2025 година да поднесат барање (образец ДЛД-П) за паушално плаќање на данокот на личен доход за 2026 година. За новорегистрирани даночни обврзници, барањето за користење на поедноставен режим на оданочување се поднесува во рок од 15 дена од денот на започнување со вршење на дејноста.

За 2026 година, за даночните обврзници кои остваруваат доход од продажба на производи на тезги на зелени пазари, Управата за јавни приходи донесе 1.461 решение за оданочување, со вкупно утврден данок во износ од 11.543.660 денари.

Данокот на доход за продажба на сопствени земјоделски производи се утврдува согласно податоците евидентирани во извештаите доставени од организаторите на зелените пазари. Врз основа на истите, Управата за јавни приходи ги донесе решенијата за паушално одданочување во рамки на законски утврдениот рок 31 јануари.

Во тек е доставата на решенијата за утврдување на данокот на личен доход за обврзниците кои истиот го плаќаат врз основа на паушално утврден нето доход, како и за обврзниците кои продаваат сопствени земјоделски производи на зелените пазари. Со решението за паушално оданочување, УЈП до даночните обврзници доставува и месечни аконтативни пресметки за плаќање на данокот. Рокот за плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход е до 15-ти во месецот за претходниот месец.

Како што претходно објави УЈП, организаторите на зелените пазари имаа обврска навремено да склучат договори со физичките лица – закупувачи и корисници на тезги.

Пријавувањето се вршеше преку електронскиот систем на Управата за јавни приходи, достапен на: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam

Во случај на организирање сезонски пазар, организаторите се должни навремено да ја известат Управата за јавни приходи. Исто така, доколку во текот на годината настанат промени (престанок на користење на тезга или појава на нов корисник на тезга), организаторите на пазарите се должни истите навремено да ги пријават до Управата за јавни приходи.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија