Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
Recnik
13.10.2025
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ И СТОПАНСКАТА КОМОРА ВО ЗАЕДНИЧКА МИСИЈА ЗА УСПЕШНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА Е-ФАКТУРИРАЊЕ

Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија.

На состанокот беа презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем. Двете страни се согласија за интензивна соработка и активно вклучување на ресурсите и капацитетите на Комората, со цел навремено информирање и подготовка на компаниите за практична примена на новиот систем.

Соговорниците оценија дека проектот има значајно влијание врз македонското стопанство, преку унапредување на деловната транспарентност, намалување на административните трошоци и ефикасна борба против сивата економија.

Управата за јавни приходи останува доследна на својата определба за јакнење на партнерскиот однос со даночните обврзници, кои се рамноправни чинители на даночниот систем и клучни носители на економскиот развој.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија