20.02.2025
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници - физички и правни лица да го следат видео упатството за регистрација на информацискиот систем на УЈП и доделување овластувања на следниот линк:
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/996
Препорачуваме даночните обврзници внимателно да ги разгледаат содржините кои детално го објаснуваат процесот на најава и регистрација, како и доделувањето на овластувања за работа во системот. Овие ресурси се создадени за да обезбедат лесен и брз пристап во системите на УЈП.