Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
25.12.2024
УЈП, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА СКЛУЧИЈА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Управата за јавни приходи (УЈП), Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини склучија Меморандум за меѓусебна соработка, со цел унапредување на координацијата и транспарентноста во областа на енергетиката и рударството.
Договорот беше потпишан од директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Соња Божиновска, и директорот на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Али Сулејмани.
Потписниците појаснија дека овој договор ќе овозможи поефикасна комуникација и размена на податоци помеѓу трите институции, што ќе резултира со навремено и ефикасно спроведување на инспекциски надзор, поголема контрола на искористување на природните ресурси и наплата на концесиите.

Директорката на УЈП, Петрова појасни дека: „Преку оваа соработка, ќе се обезбеди поголема ефикасност во надзорот и наплатата на јавните приходи, што ќе резултира со навремена, точна наплата на задолжените даноци и надоместоци, како и со подобрена прецизност и транспарентност во процесите на контрола и отчетност.“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, појасни дека „Целта е да се обезбеди подобро управување со ресурсите и да се зајакне одговорноста на концесионерите во исполнувањето на нивните законски обврски, особено кога станува збор за плаќањето на надоместоци за концесија. Интенцијата на договорот е да се елиминираат неправилностите кои досега постоеле во работењето на концесионерите, како и да се спречат такви случаи во иднина.

     
     

Претставниците на трите институции, истакнаа дека со оваа иницијатива, се создаваат услови за користење на најдобри пракси од други држави а ќе се применуваат нови пристапи и методи во оваа област со цел постигнување на поголема транспарентност и правична контролa, што ќе има позитивен ефект врз приходите и општеството. Во процесот на реализација, трите институци ќе можат да делуваат координирано при спроведувње на редовен инспекциски надзор, со што ќе се запази принципот на еднаков третман на сите концесионери пред законите и Уставот на Република Македонија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија