Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
26.10.2024
РАЗМЕНАТА НА ПОДАТОЦИ МЕЃУ УЈП И ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР Е КЛУЧНА ЗА БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕТО

Долги години наназад постапката за регистрација на даночен обврзник и доделување на даночен идентификационен број е дел од постапката за регистрација на трговско друштво во Трговскиот регистар - едношалтерски систем, што овозможи скратување на времето за регистрација и отпочнување на бизнис.

На работен состанок помеѓу директорките на УЈП м-р Елена Петрова и Анита Стамнова и претставници од двете институции се разговараше за понатамошно поедноставување на постапките и унапредување на сервисите за размена на податоци и документи, особено: во рамки на новиот Регистар на иматели на сметки кој ќе го води Централниот регистар, за запишување на странци како основачи и управители на компании во Централниот регистар, доставување по службена должност на уверенија за платени даноци од УЈП во постапка за пренос на удел во ЦР, бришење на неактивни субјекти по службена должност во ЦР по претходна проверка во УЈП.

Двете институции се посветени на унапредување на процесите и системите со цел поефикасно извршување на своите надлежности и подобра "клима" за работа на компаниите.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија