16.03.2009
Денес е последен ден за поднесување на Годишна даночна пријава
До 14.03.2009/сабота, 80.216 граѓани поднеле Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи. Најголем број на даночни пријави се поднесени во Регионалната Дирекција Скопје и тоа 41.156. Во останатите Регионални Дирекции, бројот на поднесени ГДП е следен:
- РД Штип - 14.022
- РД Битола - 12.984
- РД Тетово - 6.209
- РД Кавадарци - 5.845
Денес/16 март/, е последен ден за прием на Годишните даночни пријава за остварени приходи во 2008 година. Образецот “ПДД-ГДП“ може да се достави во сите даночни канцеларии на УЈП до 16:30 часот и во Контакт Центарот до 20:00 часот (ГТЦ Скопје, II кат, над кино Милениум).
* Граѓаните кои не се со место на живеење во Скопје, а живеат и работат во Скопје, даночната пријава можат да ја поднесат во Контакт Ценарот.