21.08.2024
ПОДНЕСУВАЊЕТО НА ДДВ-04 СЕ ОДВИВА БЕЗ ЗАСТОЈ
Поднесувањето на даночните пријави за данокот на додадена вредност се одвива непрекинато и без застој. Во текот на вчерашниот ден, 523 даночни обврзници ја поднеле даночната пријава - образец ДДВ-04 и ја исполниле даночната обврска за пријава на ДДВ за даночниот период 01.07.2024-31.07.2024 година.
Состојбата по Регионалните Дирекции е следна:
РД | Очекувани ДО за поднесување на ДДВ-04 |
ДО кои поднеле ДДВ-04 |
% на поднесени по региони |
СКОПЈЕ | 3,462 | 815 | 23.54% |
БИТОЛА | 735 | 109 | 14.83% |
ПРИЛЕП | 650 | 93 | 14.31% |
СТРУМИЦА | 719 | 135 | 18.78% |
ТЕТОВО | 728 | 210 | 28.85% |
ШТИП | 823 | 174 | 21.14% |
ДГДО | 290 | 59 | 20.34% |
ВКУПНО: | 7,407 | 1,595 | 21.53% |
Процесот подесување на даночни пријави е под постојан мониторинг, и УЈП на дневно ниво на својата веб страна објавува податоци за поднесени даночни пријави по региони (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/javni_informacii/category/1996).
Управата за јавни приходи апелира и ги повикува сите даночни обврзници и сметководители со време да ја исполнат даночната обврска.