Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
ГОСТУВАЊЕ ВО УТРИНСКА ПРОГРАМА ПО ПОВОД ПРЕТСТОЈНИОТ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД БЕЗ ДДВ
06.10.2020

06.10.2020 Скопје, В.Д Директорот на Управата за јавни приходи Фарук Омери преку директно вклучување во утринска програма информираше за претстојниот викенд без ДДВ.
Директорот објасни дека граѓаните во текот на претстојниот продолжен викенд односно 10, 11 и 12 октомври со купување на македонски домашни производи и услуги и компјутерска опрема, може да остварат поврат на ДДВ во целосен износ. Овој поврат ќе се реализира преку апликацијата МојДДВ, а враќањето на данокот ќе се врши на трансакциска сметка на граѓаните до крајот на Октомври, односно 15 дена од денот на издадената фискална сметка. Граѓаните, фискалните сметки од овој викенд без ДДВ треба да ги скенираат во рок од 3 дена од денот на издавањето на фискалната сметка, а вкупниот промет на добра и услуги од викендот без ДДВ на кој е пресметан данок на додадена вредност да не го надминува износот од 30.000 денари по лице.

За целосна успешност на мерката Директорот апелираше и до трговците да ги разделат / означат правилно македонските производи и услуги од останатите, во фискалните апарати.
Во поглед на апликацијата МојДДВ Директорот укажа и појасни дека има три категории на граѓани:

  • Граѓани кои се регистрирани на e-ПДД и кои ја инсталирале апликацијата МојДДВ, оваа категорија си продолжува со скенираање како и досега,
  • граѓани кои се регистрирани на e-ПДД а не ја инсталирале апликацијата МојДДВ, оваа категорија треба само да ја инсталира апликацијата МојДДВ и да започне со скенирање на фискалните сметки, и
  • граѓани кои не се регистрирани на e-ПДД а со тоа и неможе да ја инсталираат апликацијата МојДДВ, оваа категорија треба да се регистрира на веб страната е-ПДД за што треба да поседуваат валидна маил адреса, која ќе биде нивно корисничко име, и да креираат своја лозинка. Потоа да дојдат во просториите на УЈП заради нивна идентификација и верификација.

Апликацијата МојДДВ се симнува преку:

 




Директорот ја истакна и основната цел на оваа мерка ,,Викенд без ДДВ,, односно ,,враќање на повеќе пари кај граѓаните, поттикнување на потрошувачката а со тоа и поддршка на домашната економија, но на подолг рок МојДДВ значи и борба со сивата економија, секој граѓанин е инспектор на терен со тоа што бара да му се издаде валидна фискална сметка а доколку истата не му се издаде може да пријави во УЈП од каде што ќе се преземат соодветни мерки,,.



 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија