Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Со транспарентна работа УЈП ќе биде сервис, а не баук за стопанството
15.10.2006

За Радио Слободна Европа, 15.10.2006 година
Новинар: Фросина Цветковска

 

Во изборната програма, со којашто победи вашата партија се највуваше справување со олигарските, во тој контектс, вие изјавувавте дека не ги признавате финансиските наоди во приватизацијата на „Фершпед“. Зошто? Ќе има ли повторна контрола?

Изјава од типот, дека не ге признавам записникот е премногу радикална. Приказната „Фершпед е долго присутна во македонската јавност, а фактот е следен – она што била законска обврска во 94 година, УЈП да го утврди процентот на општествен капитал што е предмет на приватизација е утврден и тој извештај постои. Во 2002 година е направена ревизија на тој записник и се отвора ново прашање, значи дали предмет на приватизација е само општествен капитал или и државен имот и она што е од март месец 2005 година, повторно некој извештај на приватизацијата, кој ќе си земам за право дека н е еизвештај, туку краток опис, хронологија за случувањата во „Фершпед“, каде што повторно управата се задржува исклучиво во делот на општествениот капитал. За да работите бидат јасни, прашањето на Фершпед за УЈП не постои, бидејќи УЈП го има кажано своето, а тоа е дека е приватизирано тоа и тоа во делот на општествениот капитал, меѓутоа приватизиран е и државен имот, што не можел да биде предмет на приватизација. Тука, улогата и местото на УЈП престанува. Нема место за нови контроли и ревизии, освен ако органите не ценат дека ние треба да објасниме и да обезбедиме дополнителни докази.

Кои измени може да се очекуваат во УЈП под ваше раководство?

За измени многу е тешко да се говори во еден орган, бидејќи управата не се води со промените на политичките гарнитури. Премногу е битна улогата на Управата. Меѓутоа, може да се утврдат приоритети на активности. Моја основна цел ќе биде управата да биде прифатена како сервис на стопанството. Тоа значи, сите оние технички претпоставки што ги имаме како управа да ги надградиме за да можеме да дадеме квалитетна даночна услуга.

Вашата претходничка започна акција за разоткривање на даночната пирамида. Ќе продолжите ли и вие во таа насока?

Во овој дел можам да кажам дека ние ќе продолжиме согласно нашите надлежност, значи редовно контролирање на фирмите во редот на сите даноци. Јас лично не се согласувам дека можеме таа активност да ја наречеме даночна пирамида. Она што може да г окажам дека активностите на Управата се тековни и ние ќе продолжиме да постапуваме во согласност со законот.

Какви мерки ќе преземете да го релаксирате стопанството?

Со еден транспарентен начин на работа на УЈП. Основно ќе биде УЈП да биде сервис, а не баук на стопанството. Значи, ќе дадаме брзи информации. Рецептот е многу прост, што поголема отвореност, пристап и побрзо ажурирање. Во принцип, секој добар стопанственик сака да биде и добар плаќач на даноци.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија