Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Во Македонија ќе важи максимата “прво плати данок, а потоа се друго“
22.12.2005

За Капитал (неделен магазин), 22.12.2005 година
Новинар: Никола Стојанов


Петра Митева, експерт за даночна ревизија, пред две години го превзеде раководното место на Управата за јавни приходи, институцијата која најмногу го полни државниот буџет. За ова време во процедура е отварање канцеларија за најголеми сто компании плаќачи на даноци. Донесе закон за УЈП, во кој интегрално ги реши функциите на оваа институција. Со редица мерки: акции, контроли успеа да натера 83% од фирмите да купат, да вклучат фискална каса и да издаваат сметки. Со остварената наплата на даноци го натфрли планот. Митева во интервјуто за Капитал најави уште порадикални чекори. Со новиот закон за даночна постапка конечно во Македонија ќе важи девизата “прво плати данок па умри”. Со овој акт УЈП ќе ги оданочува и нерезидентните сметки исто како и резидентните. Ќе наплаќа данок од родители, роднини, деца, братучеди, сватови кои преку ноќ се збогатиле истовремено додека нивниот роднина, татко, внук или братичед “заборавил” да плати данок. Вели дека иднината е во развојот на ИТ стратегијата. Заради тоа прави нов проект во кој компјутерски софтвер ќе утврдува кои фирми ќе ги контролираат даночните инспектори. Македонија ја гледа во европското семејство и работи напорно да ја приведе УЈП кон стандардите на унијата. Политички притисоци нема, а од заканите на бизнис круговите воопшто не се плаши.


Капитал: За првите десет месеци имате зголемена наплата на даноците освен кај персоналецот. Дали сте задоволни од темпото со кое се зголемува наплатата и кои мерки ќе ги превземете за понатамошно подобрување?

Митева: Заклучно со ноември остварен е вкупен приход од 44,67 милијарди денари што во однос на планираниот од 43,425 милијарди денари е повисок за 2,87%. Ако направиме анализа во однос на истиот период лани ќе забележиме дека реализацијата е поголема за 6,80%. Тука би напоменала дека приходите кои се наплатени по основ на инспекциски надзор на Управата изнесуваат вкупно 325 милиони денари.

Телефонската линија за пријавување ни ги отвори очите

Капитал: Кои се ефектите од отворената телефонска линија?

Митева: Овој проект ни ги отвори очите. Резултатите се одлични од линијата, иако сега стивна интензитетот. Сега фискализацијата стигна до 82,92% од вкупниот број регистрирани субјекти. За споредба во ноември 2003 година кога дојдов само 20% од деловните субјекти беа фискализирани. Можеби треба да направиме уште една кампања. Имаше пријава на корумпиран работник, даночен службеник, пријава на работа без фискални апарати.

Капитал: Даночната евазија, која во јавноста беше третирана како даночна пирамида, губи на интензитет, според нас без епилог или барем без големите риби?

Митева: Факт е дека постоела даночната евазија. Без пардон организирано го санкционираме тоа. Работиме заедно со МВР, финансиската полиција и со Јавното обвинителство. Тоа била системска грешка која веќе не постои како законска дупка во Законот за ДДВ. Можеби резултати не се спектакуларни. Откривме дека се затаени повеќе од 25 милиони евра кои требало да бидат платени на државата. Постапките течат, ние не се откажуваме од тие пари зашто голем дел од тие фирми се живи иако наменски биле основани токму за да преку нив се избегнува плаќање ДДВ. Морам да признаам дека политички притисоци досега немало, а закани од бизнис кругови имаше, но тоа не ме загрижува.

Капитал: Од јуни вгодина најавувате плаќање даноци по електронски пат. Колку тоа ќе ја олесни работата и колку овој нажин ќе биде сигурен и безбеден?

Митева: Пријавивање на сите даноци по електронски пат, а со отварање на канцеларијата за големите сто претплатници и плаќање на даноците по електронски пат. Главна цел пред да го почнеме проектот беше да направиме безбеден и сигурен систем. Странските и домашните консултанти и експерти беа едногласни дека ваква заштита на систем не виделе досега. Дури УСАИД, нашиот партнер во оваа реформа, најави дека размислува ова искуство и системот да го имплементира и во други земји. Системот што ќе го применуваме, а е донација од УСАИД, има седум до осум нивоа на заштита. Изведбата ја направија домашни информатички компании. Тоа докажува дека тие имаат капацитет да создадат систем со врвни перформанси. Системот работи интерактивно на постојана размена на информации меѓу клиентот и УЈП. Тоа значи се намалува можноста за грешки и недоразбирања, се штеди на време, на хартија, оти размената е по електронски пат. Со примената на овој проект го правиме првиот чекор во борба против корупцијата во рамките на УЈП. Затоа што клиентите не мораат да доаѓаат на шалтер и да молат за своите права. Вака ги заштитуваме од тој тешко докажлив фактор на човечко влијание.

Капитал: Неодамна најавивте дека имате мерки со кои ќе ја зголемите дисциплината и свеста кај даночните обврзници за плаќање на јавните давачки. Како ќе го направите тоа?

Митева: Нашиот најсилен адут е новиот Закон за даночна постапка кој е во собраниска процедура. Зголемената дисциплина ја очекуваме и на другата страна кај нашите вработени со носење на Законот за УЈП. За прв пат кај нас се издвојува функцијата за УЈП со посебен закон. Сега тоа го решаваме со еден закон интегрално и целосно. Со овие два закони се уведуваат нови методолгии и процедури на работа кои се применуваат во сите развиени економии. Тоа значи дека ги затнавме сите дупки низ кои досега се провлекуваа тие што случајно или намерно грешеа и правеа штета на државата преку неплаќање даноци. Сега и за Македонија ќе важи максимата “плати данок па умри” која важи и за другите развиени држави. Законот за УЈП беше донесен со консензус од пратениците на позицијата и на опозицијата и тоа мене ме прави особено горда на таа работа. Суштински квалитативни разлики се следниве: пред даночниците ги изедначивме резидентните и нерезидентните сметки. Втора работа е што даночниот обрзник ќе треба да докаже дека не е виновен откако УЈП ќе го осомничи. Досега требаше ние да докажуваме иако доказите ги имаше обврзникот во чие сметководство ние сме утврдиле неправилности или криминал. Токму водени од тоа дека доказите се кај него зашто тој го водел сметководството, сега обврзникот пред суд треба да докаже дека не е виновен. Освен тоа ги изедначивме правата и обврските на домашните и на странските иматели на сметки. Правилото дека странци нема да плаќаат даноци ќе важи само ако имаме билатерален меѓудржавен договор за даночни ослободувања. Второ, со новите законски измени го регулиравме даночниот долг и воведовме категорија на припадници на даночен долг. Ова значи дека ако за време на даночно затајување на даночен обврзник членовите на неговото семејство наеднаш се збогатиле тие се припадници на даночниот долг. А припадници на долг се: брачниот другар, роднини по прва линија, сватови по прва линија, браќа и сестри на должникот, децата на браќата и сестрите како и нивните брачни сопружници. Дури и браќа и сестри на сопружинците на браќата и на сестрите на даночниот должник. Ги вклучивме и родители на должникот како и браќата и сестрите на родителите. Освен нив во припадници на даночен долг се и хранител и посвоител. Ова значи дека ако на пример сестрата се збогати драстично многу во истиот период додека братот прави даночна евазија. Тогаш имаме доволно сомневања дека парите се префрлани кај роднината и УЈП реагира и од таму си го наплаќа данокот. Ако стигнат пратениците планираме ова да почне да функционира од почетокот на идната година.

Вредните инспектори ќе земаат поголема плата и од дирекорската

Капитал: Има ли можност вгодина даночните инспектори да добијат повисоки плати, зошто само така може да очекуваме лојалност и ефикасност во борбата против корупцијата?

Митева: Во завршна фаза е актот со кој ќе дефинираме кои се лицата со посебни овластувања. Ова значи дека тие што вистина работат ќе земаат награда за својата работа. Со новиот акт ќе востановиме практика со која некои инспектори да добиваат поголеми месечни примања од директорот на УЈП. Тоа е всушност мерењет на резултати од работата на вработените во УЈП.

Капитал: Кои се другите реформи во вашата агенда и кога треба да ги очекуваме првите резултати?

Митева: Има многу новини кои ги превзедовме од земји каде што функционираат. Но не само да преведеме закони кои не се функционални на наш терен. Туку се обидовме да напишеме закони разбирливи и применливи во земјава, а воедно и да биде применлив ив о склад со директивите на Европската унија. Прво, 2006 е година за едукација на постоечките вработени во УЈП. Можеби УЈП е единствена институција која ќе го зголеми бројот на вработени. Ова е со консензус прифатено и од Владата и од меѓународните советници. Затоа што УЈП не е администрација. Тука нема превработеност. Ние и Царината треба да ги собереме парите што другите ги трошат. Второ, работата на УЈП ја ставивме целосно достапна на интернет мрежата. Можете од дома, од работа да испратите прашање по мејл и да добиете одговор најдоцна три дена од денот кога сте го испратиле прашањето. Тоа е уште една новина која ја воведуваме. Следно на агендата е обука на даночни советници што е нова професија и која ќе им служи на даночните обврзници. Сепак главен приоритет е развојот на ИТ или стратегијата за развој на информатичка технологија. Прво ќе постигнеме ИТ контрола односно компјутерот или системот ќе ги одбира фирмите во кои ќе правиме контроли. Квалитетот е во тоа што машината ќе ја истисне можната коруптивност или непотизам или злоуптреби на човечкиот фактор. Компјутерот ќе ги бира фирмите за контрола врз основа на осцилациите во нивните плаќања. Освен ова работиме и на зајакнување на софтверот и изградба на критериуми за ризичност (risk management) и мерки за мерење на учинокот на вработените, а резултатите ќе ги дава софтверот. Ова е успешно користено во светот, а ние ќе го примениме и кај нас. Освен ова како инспектори ќе примаме во УЈП и ИТ инжинери зато што мора да бидеме во чекор со технологијата. Резултати очекувам следнава година, која ќе биде најтешка и за УЈП и за Македонија затоа што ќе треба да се имплементираат многу работи. Следнава е година на избори и за да исклучам секакво влијание врз реформите јас сите активности за оперативно спроведување на реформата го оставив на топ менаџерите кои се професионално вработени во УЈП. Тие луѓе ги најдов овде кога дојдов на оваа функција и тие луѓе докажаа дека знаат да ја вршат својата работа максимално професионално.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија