Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
ДОНАЦИЈА ОД ДАНОЧНИЦИТЕ ЗА ДЕЦАТА ОД ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА ВО БИТОЛА
13.12.2023

Традиционалната хуманитарна акција под мотото „Биди човек, биди хуман“ и оваа година се реализираше во рамки на програмата за одбележување на Св.Матеј - Ден на даночните работници. Вработените во Управата за јавни приходи традиционлано секоја година донират парични средства од кои потоа се купуваат производи и се донираат на ранливи категории на граѓани. Оваа година директорката на УЈП Сања Лукаревска во име на вработените во Управата за јавни приходи додели донација во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола. Донацијата е обезбедена преку синдикалната организација „Солидарност“, односно сите средства се обезбедени од вработените.

„Како општествено одговорни граѓани, но и како даночници секогаш помагаме таму каде што е најпотребно. За оваа установа, во рамки на донацијата, набавивме се што и е неопходно: креветчиња, постелнини, дубаци, витамини и уште многу други неопходни производи. Иако мислам дека на дечињата им треба топла насмевка. Во иднина ќе продолжиме со исто темпо, затоа што традицијата треба да ја одржуваме и тоа го правиме во пресрет на секој наш празник, денот на даночните работници „Св. Матеј“. Горда сум што водам институција која што првенствено е општествено одговорна“ - истакна Лукаревска.

Донацијата ја прими В. Д директорката на Јавната установа „Дом за доенчиња и мали деца во Битола“, Анета Талевска, која и додели Благодарница на директорката на УЈП и на вработените.

„Голема благодарност за поддршката од страна на една ваква значајна институција – Управата за јавни приходи, која со нивната донација придонесува за збогатување на квалитетот на живеење на децата во Установата во однос на нега, исхрана, здравствена заштита и стимулација за правилен психомоторен развој “ – рече Анета Талевска, директор на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола.

Домот за доенчиња и мали деца во Битола е основана во 1971 година. Установата згрижува, дава нега, исхрана и стимулација на доенчиња и мали деца како и деца со посебни потреби. Згрижува малолетни родители со деца, а привремено сместува и самохрани бремени жени еден месец пред породување и самохран родител до три месечна возраст на детето.

_______________1_thumb   _______________2_thumb   _______________3_thumb   _______________4_thumb  
 
 
 
 
               
_______________5_thumb              
             
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија