Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
11.03.2026
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧЕН БИЛАНС „ДЛД-ДБ“ ЗА 2025 ГОДИНА

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници регистрирани како трговец поединец, како и физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Законот за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на Годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и Биланс на приходи и расходи (образец „Б“).

Обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“ задолжително се поднесуваат до Управата за јавни приходи по електронски пат преку системот „е-Даночни услуги“, најдоцна до 15-ти март 2026 година за доходот остварен во претходната година, како и до Централниот регистар на РСМ. Со оглед на тоа што крајниот рок 15 март (недела) е неработен ден, како краен рок за поднесување се смета првиот нареден работен ден.

При внес на обрасците, редоследно прво се пополнува Билансот на приходи и расходи (образец „Б“), а откако истиот ќе биде потпишан се внесува Годишниот даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“).

Специфики за пополнување на образецот ДЛД-ДБ

Со цел олеснување на пополнувањето на одредени полиња во образецот ДЛД-ДБ, а имајќи ги во предвид често поставуваните прашања и најчесто идентификуваните грешки при обработка на ДЛД-ДБ, Управата за јавни приходи изготви табела (види линк) во која се презентирани начините на правилно искажување на податоците во образецот ДЛД-ДБ.

По добивање на статус „Потпишана“ на образецот „ДЛД-ДБ“, автоматски се креираат пресметки за конечната даночна обврска по даночниот биланс за 2025 и аконтативните пресметки за плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход за 2026.

Пресметките може да се прегледаат во менито „Аконтативна пресметка“ и да се испечати рекапитулација.

Реализацијата на налозите за плаќање треба да се изврши преку образецот ПП53.

Доколку обврзникот платил поголем износ на данок од износот што бил должен да го плати, органот за јавни приходи, во рок од 60 дена има обврска да му ја врати разликата врз основа на барање кое обврзникот го искажува во годишната даночна пријава. Ако обврзникот не искаже такво барање, разликата се пренесува како аконтација на данокот на доход за следниот даночен период.

За дополнителни информации или поддршка во врска со подготовката и поднесувањето на обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“, можете да се обратите до Контакт центарот на УЈП на:

е-Пошта: info@ujp.gov.mk
Телефон: 0800 33 000; 02/3253 200

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија