ПОКАНА ЗА ИЗЈАВА ЗА МЕДИУМИ
Вторник, 10.03.2026 10:45 - 11:45, Регионална дирекција на УЈП – Скопје, ул. „11 Октомври“ бр. 27, Скопје (наспроти Билна аптека на Алкалоид)
Ги покануваме претставниците на медиумите да проследат изјава за медиуми на тема: „Усогласеноста и фер конкуренцијата одат заедно“.
Изјава за медиумите ќе дадат директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.
По завршувањето на изјавата, медиумите ќе имаат можност да направат инсерти од состанокот на Советот за даночна усогласеност.
Покануваме новинарски и снимателски екипи да го проследат настанот.
Лице за контакт
-
Верица Павлоска; Дарко ЗдравескиТелефон: 076 /446 345; 077/666 379

