Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.
Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие и во друго правно лице, што располага со државен капитал, кој има обврска да достави анкетен лист при изборот, односно по стапувањето на должност, а најдоцна во рок од 30 дена.
(види и анкетен лист)- Работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локална самоуправа и градот Скопје;
- Државјанин на Република Северна Македонија кој на територијата на Република Северна Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
- Самовработено лице;
- Индивидуален земјоделец;
- Верско службено лице;
- Привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност;
- Државјанин на Република Северна Македонија вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување според законот на земјата во која е вработен, или според меѓународна спогодба, а имал живеалиште на територијата на Република Северна Македонија непосредно пред засновањето на работниот однос во странство - за членовите на семејството кои живеат во Република Северна Македонија;
- Корисник на пензија и надоместок на плата според прописите на пензиското и инвалидското осигурување;
- Државјанин на Република Северна Македонија кој прима пензија или инвалиднина од странски носител на осигурување додека престојува на територијата на Република Северна Македонија;
- Лице корисник на постојана парична помош, лице сместено во згрижувачко семејство и во установа за социјална заштита, корисник на паричен надоместок за помош и нега и парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, согласно со прописите од социјалната заштита, ако неможе да се осигура по друга основа;
- Странец кој на територијата на Република Северна Македонија е во работен однос или служба на странски физички и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва ако со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
- Странец кој се наоѓа на школување или стручно усовршување во Републиката ако со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
- Лице на издржување на казна затвор, лице кое се наоѓа во притвор (ако не е осигурено по друга основа), и малолетно лице кое се наоѓа на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно - поправен дом, односно установа;
- Учесник во НОВ и учесник во Народноослободителното движење во Егејскиот дел на Македонија, воен инвалид и членовите на семејствата на паднатите борци и умрените учесници во НОВ, како и цивилните инвалиди од Втората светска војна, лицата прогонувани и затварани за идеите на самобитноста на Македонија и нејзината државност, на кои тоа својство им е утврдено со посебни прописи и членовите на семејството и родителите на лицата граѓани на Република Македонија, загинати во војните при распадот на СФРЈ.
- Граѓани кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување по ниту еден од горенаведените основи.
- Работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локална самоуправа и градот Скопје;
- Државјанин на Република Северна Македонија кој на територијата на Република Северна Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски или конзуларни претставништва или е во лична служба на странски дипломатски или конзуларни претставништва или е во лична служба на странец, ако со меѓународен договор ратификуван од РСМ поинаку не е определено;
- Странец кој на територијата на Република Северна Македонија е во работен однос или служба на странски физички и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва ако со меѓународен договор ратификуван од РСМ поинаку не е определено;
- Работник кој прима надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа;
- Oсигуреникот кој пристапил во продолжено осигурување.
- Работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локална самоуправа и градот Скопје;
- Државјанин на Република Северна Македонија кој на територијата на Република Северна Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
- Државјанин на Република Северна Македонија кој е во работен однос востранство, врши дејност во странство или е упатен на работа востранство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
- Државјанин на Република Северна Македонија вработен во странство во држава во која е задолжително осигурен, но во која правата од пензиско и инвалидско осигурување неможе да ги остварува или неможе да ги користи надвор од таа држава;
- Самовработено лице;
- Индивидуален земјоделец;
- Верско службено лице;
- Привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност;
- Инвалид на трудот за време на користење на право на професионална рехабилитација;
- Самостоен уметник кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна постапка и со соодветен акт на министерот за култура;
- Врвен спортист кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна постапка и со соодветен акт на Агенцијата за млади и спорт;
- Странец кој на територијата на Република Северна Македонија е во работен однос или во служба на странски физички и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија поинаку не е определено;
- Осигуреникот кој пристапил во продолжено пензиско и инвалидско осигурување;
- Работодавач за своите вработени на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење е обврзник за плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење.
Осигуреникот во чие име и за чија сметка се плаќаат придонесите. Осигуреник е физичко лице задолжително осигурено според законите кои го уредуваат системот на задолжително социјално осигурување.
Работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице, државна институција, орган или организатор кој има обврска на товар и за сметка на обврзникот за плаќање на придонеси да ги пресмета, задржи и уплати придонесите.
Правно лице - резидент на Република Северна Македонија кое остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство, и правно лице - нерезидент кое остварува добивка од вршење на дејноста во Република Северна Македонија.
(види и данок на добивка)Правно или физичко лице сопственик, корисник и плодоуживател на имотот, како и правно и физичко лице корисник на недвижен имот во сопственост на државата или општината.
(види и данок на имот)Лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност.
(види и данок на додадена вредност)Физичко или правно лице и граѓанин кои користат определени права, предмети услуги за чие користење е пропишано плаќање на комунална такса.
(види и комунални такси)Секое физичко лице - резидент на РСМ за доходот што го остварува во земјата или странство, трговец-поединец и физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност, лица кои вршат услуги или слободни занимања, физичко лице кое не е резидент на Република Северна Македонија за доходот што е остварен на територијата на РСМ, како и физичко лице кое непријавено врши дејност и остварува приходи кои подлежат на оданочување согласно Законот за персонален данок на доход.
(види и персонален данок на доход)Долгорочна должничка хартија од вредност, со која издавачот се обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или во рати, ќе му го исплати на определениот ден, износот на номиналната вредност на обврзницата и каматата.
Должност на даночниот обврзник да го плати утврдениот данок под услови пропишани со Законот за даночна постапка или друг даночен закон.
(види и даночен долг)Побарување кое е обезбедено со одредено право како гаранција за долгот, а кое може да се спроведе во случај на задоцнување на должникот.
(види и гаранција во даночна постапка)Секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.
Ревизор кој поседува лиценца за вршење на работи на ревизија според Законот за ревизија.
- во јавно трговско друштво - содружник овластен да управува и да го застапува друштвото, ако управувањето не е доверено на трето лице (управител);
- во командитно друштво и во командитно друштво со акции - комплементар, ако управувањето не е доверено на трето лице (управител);
- во друштво со ограничена одговорност - управител, односно управителите, член на надзорниот одбор, односно контролорот;
- во акционерско друштво - член на органот на управување, односно член на надзорниот одбор и раководните лица во трговските друштва.
Документ кој го издава Царинската управа на РМ по претходна согласност на Министерот за финансии, со кој на определено лице му се одобрува користење на добра подложни на акциза за наменски цели ослободени од акциза или со повластена акциза.
Писмен документ со кој Управата за јавни приходи го опоменува даночниот обврзник дека има пристигнати, а неплатени даночни долгови, односно споредни даночни давачки, и со која му се наложува истите да ги плати веднаш, а најдоцна во рок од една седмица од денот на приемот на опомената.
Имот што нема вредност, односно има незначителна вредност за стечајната маса, или е оптоварен до тој степен што оптоварувањето повлекува трошоци кои би ги надминале трошоците од реализација на имотот, или пак би предизвикале оптоварување, односно обврска за исплата на парични средства.
Тоа се: лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа.
Единица на локална самоуправа, како заедница на жителите на одредено подрачје утврдено со закон која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон. Општините се правни лица и ги извршуваат своите надлежности преку органи избрани непосредно од граѓаните.
Се следните: стечаен судија, стечаен управник, одбор на доверители и собрание на доверители.
Органот во акционерското друштво кому му е доверено управување на друштвото, како на одбор на директори во едностепениот систем на управување, на управен одбор или на управител во двостепениот систем на управување, односно на управител, односно управители или органот во кој тие се организирани во командитно друштво, во командитно друштво со акции и во друштво со ограничена одговорност.
Ослободување на должникот од побарувањата што биле и што можеле да бидат опфатени со стечајната постапка.
Владата на Република Северна Македонија или домашно или странско правно лице.
Секое лице, кое заради основање трговско друштво, потпишало договор за друштвото, статут, односно изјава за основање друштво со ограничена одговорност од едно лице.
Годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства со буџетот за финансирање на основните надлежности на буџетските корисници.
Платата во вкупен износ (плата, надоместоци на плата и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот), на која се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување.
Вкупен износ на сите влогови на содружниците, односно акционерите, при што износот на основната главнина е еднаков на збирот на номиналната вредност на сите влогови, односно на номиналниот износ на сите акции од акционерското друштво.
Можност Управата за јавни приходи да оспори целосно или делумно бесплатни правни зделки на даночен должник во корист на блиско лице во текот на последните пет години пред настанување на даночниот долг, доколку правната зделка е направена на штета на Управата за јавни приходи.
(види и даночна постапка)Датата на отворање на стечајната постапка утврдена со Законот за стечај или со судска одлука.
(види и стечајна постапка)Лице чие право е повредено или загрозено со прекршок.
(види и прекршок)