Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.
Давачка која се пресметува и наплатува на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки во висина од 0,03% за секој ден задоцнување.
Приход што го остварува обврзникот, кој претставува позитивна разлика меѓу продажната цена на хартиите од вредност, учеството во капиталот и недвижниот имот и нивната куповна (набавна) цена.
(види и образец ПДД-АДП/КД)Загуба што ја остварува обврзникот, која претставува негативна разлика меѓу продажната цена на хартиите од вредност, учеството во капиталот и недвижниот имот и нивната куповна (набавна) цена.
(види и образец ПДД-АДП/КД)Документ кој го издава даночниот обврзник кој поседува фискален апарат во случај на враќање на доброто при рекламација или при грешно преклопување - сторна трансакција.
(види и фискална сметка)Софтвер за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок на Управата за јавни приходи, кој го користи обврзникот за пресметка и уплата на придонеси и персонален данок за изготвување и доставување на месечната пресметка за интегрирана наплата.
(види и образец МПИН)Книга која приредувачот на посебните игри на среќа е должен да ја води на начин што овозможува увид во дневната состојба на приходите од посебните игри на среќа.
Трговско друштво во кое се здружуваат две или повеќе физички и правни лица од кои најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото лично со сиот свој имот, односно неограничено и солидарно ако се најмалку два содружника (комплементар), а најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото само до износот на запишаниот влог во друштвото (командитор). Влогот на командиторот не може да биде во труд и услуги.
Трговско друштво чија основна главнина е разделена на акции и во кое еден или повеќе содружници одговараат неограничено и солидарно за обврските на друштвото, со сиот свој имот (комплементари) и неколку содружници кои имаат својство на акционери и кои одговараат до износот на нивните влогови и кои не одговараат за обврските на друштвото (комплементари). Бројот на командиторите не може да биде помал од три.
Јавни давачки кои се плаќаат од страна на граѓани, како и од правни и физички лица, кои вршат дејност, за користење на определени права, предмети и услуги од јавен интерес од локално значање.
(види и извори на финасирање на општините)Решение против кое не е изјавена жалба во управната постапка, или пак жалбата е искористена, а со кое странката се стекнала со некое право, односно со кое на странката и е определена некаква обврска.
Марки кои ги издава Царинската управа на РСМ со кои се обележуваат алкохолните пијалоци и тутунските добра врз основа на кои се плаќа акциза.
(види и акциза, акцизно добро)Постои ако: најмалку две претпријатија се меѓусебно поврзани (согласно Законот за трговски друштва); постои едно раководечко или владејачко и најмалку едно независно претпријатие, или надворешниот промет на сите претпријатија што припаѓаат под концернот годишно изнесува најмалку 800 милиони денари.
Домашно или странско физичко или правно лице, кое е регистрирано за вршење на дејност (согласно со Законот за трговските друштва) и кое заради користење на технолошката индустриска развојна зона склучило договор со основачот на технолошката индустриска развојна зона. Основачот на зоната истовремено може да биде и нејзин корисник.
Искористување на фукцијата, јавното овластување, службената должност и положба за остварување на каква било корист за себе или за друг.
Ставање на одредена класа на хартии од вредност од страна на берзата, на посебна платформа за тргување, врз основа на договор меѓу таа берза и издавачот на хартиите од вредност со кој се регулираат меѓусебните права и обврски.