Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.
Физичко лице кое врши самостојна економска дејност или професионална и друга интелектуална услуга од која остварува приход, во согласност со закон.
Утврдување на данокот од страна на даночниот обврзник во согласност со даночните закони. Самоооданочувањето е привремено. Привремено може да биде и утврдувањето на данок од страна на УЈП со донесување на даночно решение кога даночното утврдување уследило по податоци од даночниот обврзник и УЈП сеуште не го испитала даночното решение во целост и кога не е сигурно дали постојат предуслови за настанување на данокот. Привременото даночно решение мора да биде означено како такво.
(види и правосилност на самооданочувањето)Секое физичко лице кое е способно да запази одредени факти одредени факти за кои треба да сведочи и кое е во состојба тоа свое запазување да го соопшти.
Местото, со адресата (улица и број), наведена во договорот за друштвото, во статутот, односно во изјавата за основање друштво со ограничена одговорност од едно лице и запишани во Трговскиот регистар.
Ги подразбира брачниот другар, децата, родителите, браќата и сестрите, посвоителот или посвоеникот со кој лицето живее во семејна заедница.
Лице кое има право својата недвижност целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја.
Право на сопственост на повеќе лица на неподелен недвижен имот на кој делот на секој од нив е определен сразмерно според целината (идеален, сосопственички дел).
Вложени средства за пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и вработување со цел остварување на одредени права во зависност начинот, должноста и обемот на вложувањето.
(види и придонеси од задолжително социјално осигурување)Доброволна финансиска исплата, давање добра или услуги за конкретен проект и/или активност, кои овозможуваат директна корист на давателот, како што се промоција на име, фирма и заштитен знак на давателот на спонзорството.
(види и примател на спонзорство)Парични казни, даночни казни, камати и трошоци на присилна наплата на данок.
Игра на среќа во која учесникот го погодува резултатот на спортските натпревари за секој пар посебно, согласно со правилата на играта. За одиграната прогноза, учесникот на играта добива потврда за уплата. Добивка се постигнува само кога учесникот ги погодил сите или со правилата на играта утврдениот број резултати од натпреварите, а под услов постигнатите резултати да се идентични со прогнозираните резултати на потврдата за уплата.
Пропишано известување до царинскиот орган, за пристигнување на стоката кај царинскиот орган или кое било друго место кое царинскиот орган го одредил или одобрил.
Стажот на осигурување на осигурениците кои работат на особено тешки и по здравјето штетни работни места, како и на осигурениците кои работат на работни места на кои по наполнувањето определени години на живот не можат со успех да ја вршат својата професионална дејност.
Проценти кои се применуваат врз основицата за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.
Акт со кој се основа акционерско друштво, но едновремено е и основен општ акт, со кој се уредуваат односите, организацијата и функционирањето на ова друштво. Се донесува со согласност на сите основачи, а се менува со мнозинство определено со закон, односно со статутот на друштвото. Статусни промени претставуваат присоединување, спојување и поделба на трговските друштва на начин и услови определени со Законот за трговски друштва.
Недвижни ствари (земјиште, згради, посебни делови од згради и други објекти изградени на земјиштето) и движни ствари (опрема и сл.), односно долгорочни средства кои ги користат органите за извршување на работите и задачите во земјата и во странство.
Физичко или правно лице кое по која било основа има побарување спрема стечајниот должник, а кое настанало пред отпочнување на стечајната постапка. Стечајниот управник во посебна табела (шема) ги регистрира сите пријавени побарувања, со наведување на елементите содржани во пријавата за побарувањето.
(види и доверител на стечајна маса)Лице кое е овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот.
Целокупниот имот на должникот на денот на отворањето на стечајната постапка, како и имотот што ќе го стекне во текот на стечајната постапка.
Колективна постапка што ја води надлежниот суд за реорганизација или за ликвидација на должникот во стечај.
Континуирана активност која е главно поврзана со извршување на промет кон друг субјект за одреден надоместок.
Две или повеќе физички и правни лица можат меѓу себе, за неопределено или определено време, да основаат стопанска интересна заедница со цел да го олеснат и да го унапредат вршењето на трговските дејности, кои го сочинуваат предметот на нивното работење и да го зголемат или подобрат нивниот резултат. Лицата можат да бидат асоцијативен член во соодветна стопанска интересна заедница основана во странство. Стопанската интересна заедница не може да биде член на друга стопанска интересна заедница.
Лице кое не е државјанин на Република Северна Македонија и лице без државјанство.
Лице по чие барање е поведена постапката или против кое се води постапката, или кое заради заштита на своите права и интереси има право да учествува во постапката.
Секое правно лице кое има фирма запишана во трговски регистар во странство или ако е запишано во трговскиот регистар во неговата земја и странски меѓународни невладини организации, фондации, сојузи и нивни подружници кои се непрофитни.