Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


В
Вештаци во управна постапка

Лица кои располагаат со посебно стручно знаење, кои ги испитуваат одредените факти и на службеното лице што ја води постапката за нив му поднесуваат стручно мислење.

 
Видео лотарија

Електронска игра на среќа која се игра на електронски видео лотариски терминали (ВЛТ-терминали) кои се поврзани во електронски контролирана мрежа, при што резултатот од играта (одлуката за добивка или загуба) се генерира со помош на електронскиот или механичкиот генератор на случајноста (генераторот на случајни броеви) исклучиво на еден централен сервер (од страна на централата на приредувачот на играта на среќа).

 
Влог во трговско друштво

Пари, ствари и права кои содружникот, односно акционерот му ги отстапува и пренесува на трговското друштво во постапката на основање или во постапката на зголемување на основната главнина на друштвото, односно и труд и услуги кога тоа со Законот за трговски друштва е допуштено.

 
Внатрешна (интерна) информација

Секоја ценовно чувствителна информација која не е јавно објавена преку печатени или електронски медуими.

 
Впаричување

Претворање во пари на имотот запленет во постапка на присилна наплата по пат на продажба. 

(види и присилна наплата на даночен долг)
 
Враќање во поранешна сосотојба во управна постапка

Претставува посебно правно средство со кое се отстрануваат неповолните последици за странката, која без нејзина вина, пропуштила во рок да преземе одредено процесно дејствије.

 
Враќање на административна такса

Право на лицето кое платило такса, а не било должно да ја плати или таксата ја платило во износ поголем од пропишаниот, на негово барање да му биде вратена платената такса, односно повеќе платената такса. Решение за враќање донесува Министерството за финансии. Ако таксата е приход на општината, на општините во Градот Скопје и на Градот Скопје, тогаш Решение за враќање на таксата донесува градоначалникот на општината, градоначалникот на општините во Град Скопје односно градоначалникот на Град Скопје.

 
Враќање на наплатен данок

Основано право на враќање на повеќе или погрешно наплатен данок на даночниот обврзник.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија