Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


Л
Ликвидација на должникот во стечај

Постапка на впаричување на имотот на должникот или поделба на имотот меѓу доверителите во согласност со Законот за стечај.

 
Лиценца за игри на среќа

Во името на Република Северна Македонија, лиценци за постојано приредување на игрите на среќа издава Владата на РСМ, по предлог на Министерот за финансии. Одобрение за повремено приредување на игрите на среќа и приредување на играта на среќа наградна игра, издава Министерот за финансии. Лиценца за постојано приредување на игри на среќа чиј број е ограничен се издава врз основа на јавен оглас. Лиценца за постојано приредување на игри на среќа чиј број е неограничен се издава врз основа на Одлука донесена од страна на Владата на РСМ. Одобрение за повремено приредување на игри на среќа се издава врз основа на Барање на приредувачот што се доставува до Министерството за финансии. Одобрение за времено приредување игри на среќа се издава за период до девет месеци и истото не може да биде обновено во календарската година во која одобрението престанало да важи.

 
Личен податок

Секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на единствен матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

 
Лични примања

Сите приходи што ги остварува обврзникот по основа на работен однос, вклучувајќи ги и приходите по договор за повремено или привремено вршење услуги на органите на државната управа, на домашните и странските правни лица, како и на домашните и странските физички лица кои вршат самостојна дејност.

 
Лотарија

Игра на среќа кај која учесникот поседува лоз, кој го издава приредувачот на играта на среќа, на кој во согласност со правилата на играта, однапред се впишани одредени броеви. Лозот се смета за добитен кога на механичкото јавно извлекување на лотаријата, на денот кој е однапред одреден, ќе се извлечат одредени делови од бројот или цели броеви впишани на лозот.

 
Лотариски игри на среќа

Игри кои се приредуваат со јавно извлекување и кај кои однапред е одреден фондот на добивките.

 
Лото и кено

Игри на среќа во кои учесникот во согласност со правилата на играта треба да погоди одредена група на броеви по сопствен избор. За одиграните комбинации на броеви, учесникот на играта добива потврда за уплата. Добивка се постигнува кога одиграните броеви на потврдата за уплата одговараат на броевите извлечени со механичко или електронскo јавно извлекување и кога од страна на учесникот ќе се исполнат други услови утврдени во правилата на играта.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија