Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


Ј
Јавен долг

Државниот долг и долгот на јавните претпријатија и трговските друштва кои се во целосна или доминантна сопственост на државата, општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје и на
Народната банка на Р.Македонија.

 
Јавен интерес

Поддржување или промовирање на дејности во областа на заштитата на човековите права, на промоција на културата, етиката, образованието, науката, развој на информатичкото општество и преносот на електронските податоци, спортот, заштитата на животната средина, социо-хуманитарните дејности, развојот на граѓанското општество, промовирање на крводарителството, промоција на меѓународната соработка и други дејности утврдени со закон.

 
Јавна дејност

Дејност во областа на заштита на правата на човекот и граѓанинот, образованието, науката, развој на информатичкото општество и пренос на електронски податоци, културата, спортот, здравството, социјалната заштита, заштитата на лица со инвалидитет, крводарителството, детската заштита, заштитата на животната средина и други дејности утврдени со закон како јавна дејност.

 
Јавна исправа

Исправа во попишана форма која ја издал државен орган во рамките на својата надлежност, а која може да биде приспособена за електронска обработка на податоци, како и исправата што во таква форма ја издало правно и друго лице во работите што ги врши врз основа на јавни овластувања.

 
Јавни приходи

Финансиски средства што ги управува Управата за јавни приходи за финансирање на јавните расходи.

 
Јавни услуги

Продажба на електрична енергија на дистрибутивната мрежа, топлинска енергија, јавни телекомуникациски услуги, поштенски услуги, услуги за превоз на патници во јавниот градски и приградски сообраќај, снабдување со вода за пиење, одвод на отпадните води и одржување на чистотата, како и други услуги определени со закон.

 
Јавно трговско друштво

Трговско друштво во кое се здружуваат две или повеќе физички и правни лица, кои за обврските на друштвото им одговараат на доверителите неограничено и солидарно со сиот свој имот. Јавно друштво се основа со договор за друштвото склучен меѓу основачите. Странско трговско друштво е секое трговско друштво, основано според правото во земјата во која го има регистрирано седиштето.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија