Информативни проспекти
Накратко за пријавувањето и утврдувањето на данокот на добивка, поедноставниот даночен режим за мали и микро бизниси, задржувањето на данокот на исплатени приходи на странски правни лица и одбегнувањето на двојно оданочување или двојно ослободување.
|
Даночен обврзник, задолжителна и доброволна регистрација за целите на ДДВ, предмет на оданочување, даночна стапка и основа за пресметување на данокот, даночни периоди за пријавување и плаќање на данокот, враќање на данокот на додадена вредност, даночни ослободувања и поттикнувања...
|
Согласно членот 33 од Уставот на Република Северна Македонија, секој е должен да плаќа данок и други давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. Владеењето на правото е темелна вредност прецизирана во Уставот, а ЗДП е донесен во потполна усогласеност со Уставот на Република Северна Македонија...
|
Со цел подобрување на услугите кон обврзниците на радиодифузна такса, од 23 март 2015 година во функција е новиот специјализиран шалтер на УЈП за давање на услуги поврзани со РДТ, кој е лоциран на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија (бул.Гоце Делчев бб, Скопје).
Со отворањето на овој шалтер, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и матични податоци на обврзник за радиодифузна такса...
|
При отпочнување на вашиот бизнис, најважно е да ја регистрирате вашата дејност во соодветниот регистар и да поседувате даночен број, неопходен за учество во платниот промет и кој ќе претставува единствен идентификатор за вашите податоци и даночните постапки кои се водат во Управата за јавни приходи.
|
Воведување на фискален систем на опрема со GPRS уред за секојдневна електронска размена на податоци помеѓу информацискиот систем на Управата за јавни приходи и фискалниот систем на опрема (ФСО) на даночниот обврзник е законска обврска предвидена со измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања од 31.05.2013 година.
За повеќе информации преземете го информативниот проспект...
|
Како купувач на доброто, односно корисник на услугата побарајте фискална сметка во моментот на предавањето и плаќањето на доброто, односно на извршувањето и плаќањето на услугата. Дознајте повеќе кој има и кој нема обврска да ви издаде фискална сметка, како да ја препознаете сметката што не е фискална, како да пријавите неправилности во УЈП...
|