Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Преглед на публикации

 

Фискализација и регистрирање на готовинските плаќања (2018)
Оваа брошура треба да ве упати како да воведете фискален апарати, но и ќе ви помогне во разрешувањето на проблемите со кои ќе се сретнете во праксата, а се однесуваат на фискализацијата и издавањето фискална сметка.
 

Оданочување со данок на добивка (2024)
Накратко за пријавувањето и утврдувањето на данокот на добивка, поедноставниот даночен режим за мали и микро бизниси, задржувањето на данокот на исплатени приходи на странски правни лица и одбегнувањето на двојно оданочување или двојно ослободување.
 

Оданочување со данок на додадена вредност (2021)
Даночен обврзник, задолжителна и доброволна регистрација за целите на ДДВ, предмет на оданочување, даночна стапка и основа за пресметување на данокот, даночни периоди за пријавување и плаќање на данокот, враќање на данокот на додадена вредност, даночни ослободувања и поттикнувања...
 

Даночна гаранција
Согласно членот 33 од Уставот на Република Северна Македонија, секој е должен да плаќа данок и други давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. Владеењето на правото е темелна вредност прецизирана во Уставот, а ЗДП е донесен во потполна усогласеност со Уставот на Република Северна Македонија...
 

УЈП ОТВОРИ НОВ ШАЛТЕР ЗА РДТ ВО ЗГРАДАТА НА МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА
Со цел подобрување на услугите кон обврзниците на радиодифузна такса, од 23 март 2015 година во функција е новиот специјализиран шалтер на УЈП за давање на услуги поврзани со РДТ, кој е лоциран на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија (бул.Гоце Делчев бб, Скопје). Со отворањето на овој шалтер, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и матични податоци на обврзник за радиодифузна такса...
 

Отворање на бизнис
При отпочнување на вашиот бизнис, најважно е да ја регистрирате вашата дејност во соодветниот регистар и да поседувате даночен број, неопходен за учество во платниот промет и кој ќе претставува единствен идентификатор за вашите податоци и даночните постапки кои се водат во Управата за јавни приходи.
 

Стартува он-лајн следење на готовинскиот промет во Македонија
Воведување на фискален систем на опрема со GPRS уред за секојдневна електронска размена на податоци помеѓу информацискиот систем на Управата за јавни приходи и фискалниот систем на опрема (ФСО) на даночниот обврзник е законска обврска предвидена со измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања од 31.05.2013 година. За повеќе информации преземете го информативниот проспект...
 

Фискализација - Права на потрошувачот (2017)
Како купувач на доброто, односно корисник на услугата побарајте фискална сметка во моментот на предавањето и плаќањето на доброто, односно на извршувањето и плаќањето на услугата. Дознајте повеќе кој има и кој нема обврска да ви издаде фискална сметка, како да ја препознаете сметката што не е фискална, како да пријавите неправилности во УЈП...
 

e-aukcii.ujp.gov.mk Продажба на движни предмети и недвижности
е-Аукции е специјализиран портал на Управата за јавни приходи преку кој секој граѓанин или фирма може да учествува во продажбата на достапните аукциски производи (движни предмети и недвижности). Електронските аукции се одржуваат најмалку еднаш месечно, а за аукциските производи можете да се информирате преку преку огласите кои се објавуваат на www.ujp.gov.mk и на e-aukcii.ujp.gov.mk
 

e-Плаќање на персонален данок
Заштедете време, не чекајте повеќе на шалтери. Користете ја новата услуга „е-Плаќање на даноци“ за да вршите електронско плаќање и проверка на состојбите за Персоналниот данок, од било кое место и во секое време...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија