Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Даночни намалувања / ослободувања кај доход од самостојна дејност

Даночно намалување

Намалување на даночната основа

  • На обврзникот му се намалува даночната основа за извршените вложувања во материјални средства (недвижности, постројки и опрема) и нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти), за проширувања на сопствената дејност, во висина од 30% од извршените вложувања, со тоа што извршеното намалување не може да биде поголемо од 50% од утврдената даночна основа за истиот даночен период.
  • Како вложувања во материјални и нематеријални средства не се сметаат: вложувањата во патнички автомобили, мебел, теписи, аудиовизуелни средства, бела техника, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и други украсни предмети за опремување на административни простории.
  • Обврзникот кој вложува во патнички автомобили во дејностите: изнајмување на возила (рент-а-кар), автотакси превоз, возила за обука на возачи и специјални возила (погребални, брза помош, возила за помош на пат и слично) има право на намалување на даночната основа во висина на извршеното вложување, но не повеќе од висината на даночната основа за истиот даночен период.
  • За остварување на правото на даночно намалување основен услов е обврзникот да не ги оттуѓи или на друг начин пренесе средствата за период од пет години, почнувајќи од годината во која е извршено вложувањето.
  • Ако обврзникот на крајот на секој пресметковен период, документирано не докаже дека износот на намалувањето на даночната основа го вложил за намените и не ги отстапил основните средства, го губи правото на ослободување.
  • Ако даночниот обврзник не ги искористил инвестиционите вложувања за намената за кое го користел намалувањето на даночната основа му се наплатува данокот во износ зголемен за каматата пропишана за даноците што не се платени во пропишаниот рок.

Намалување на даночната основа за годишно даночно намалување

  • На обврзникот му се намалува даночната основа за износот на годишното даночно намалување пресметано според времетраењето на вршењето на дејноста (месечен износ на ослободување утврден за годината помножен со бројот на месеци во кои обврзникот работел).

Даночно ослободување

По основ набавени и ставени во употреба фискални апарати

На обврзникот кој е должен да воведе и да користи фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување, му се намалува пресметаниот данок за набавени до 10 фискални апарати, во висина на нивната вредност.
Ослободувањето обврзникот го остварува со одобрение од Управата за јавни приходи по поднесено Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување образец ДЛД-02
Барањето образец ДЛД-02 се поднесува до 20 јануари наредната година, по годината за која барањето се поднесува.
Доколку ова право не биде искористено во целост се пренесува во наредниот период, се до негово целосно искористување.

За обврзници кои прв пат започнуваат да вршат самостојна дејност

Се ослободува за период од три години (според Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност):

  • работодавач - кој прв пат започнува да врши самостојна дејност како трговец поединец и
  • физичко лице - кое прв пат врши дејност, доколку достави доказ од надлежниот регистарски орган дека пред отпочнувањето на вршењето на дејноста не бил регистриран за вршење на дејност
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија