Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
Најчести случаи кога ќе ви пристигне известување за долг по Годишна даночна пријава (ДЛД-ГДП), а според вас не должите – како да постапите?

Најпрво, Ве молиме внимателно проверете ја Вашата годишна даночна пријава, за да видите од кој вид на доход произлегува обврската.
Потоа, проверете ги Вашите евиденции за остварен доход и извршени плаќања на данокот и споредете ги со оние од годишната даночна пријава.
Доколку сте лице кое самостојно врши дејност и се оданочува според Даночен биланс, доколку е нешто нејасно, побарајте помош од Вашиот сметководител кој ги поднесува пријавите кои се однесуваат на Вашата дејност.

Причините зошто се јавува долг можат да бидат повеќе. Еве неколку:

  1. Несоодветно извршена уплата на данокот по претходно поднесена пресметка (за закупнина, за капитална добивка, за доход од странство и слично) - ова значи дека е можно да не сте го реализирале налогот со фолио бројот кој се генерира со поднесување и одобрување на пресметката, кој се наоѓа во копчето “печати рекапитулација” кое е во прилог на пресметката. Во ваков случај пронајдете ја уплатата и обратете се до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во која се назначени контакт лица до кои треба да се обратите, известете ги за така извршената уплата, со цел од страна на Управата да биде извршено упарување на уплатата со задолжението и потоа да се прегенерира нова ГДП во која плаќањето ќе биде преземено.
  2. Двојна пресметка за еден ист доход - во ваков случај обратете се до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во која се назначени контакт лица до кои треба да се обратите, известете дека обврската по пресметката со број xxxxxxxxx е заради двојно пријавување на еден ист доход и дека е потребно да биде сторнирана и потоа да биде прегенерирана годишната даночна пријава заради усогласување на состојбата.
  3. Данокот веќе еднаш е наплатен во странство, а во пресметката од која произлегува обврската сте пропуштиле да го искажете и да доставите потврда за платен данок од странски даночен орган - обратете се до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во која се назначени контакт лица до кои треба да се обратите, појаснете дека станува збор за доход за кој данокот е платен во странство и доставете потврда од странски даночен орган. По дополнителни проверки ќе ве известиме дали платениот данок во странство се признава како плаќање во земјава.
  4. Несоодветно извршена уплата на данокот по годишната даночна пријава - сте платиле но сте направиле пермутација во внесот на фолио бројот во полето цел на дознака или воопшто не е внесен-во овој случај доставете доказ од извршената уплата до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во кои се назначени контакт лица до кои треба да се обратите, дојавете го до нив, за да се изврши упарување.
  5. Извршено е плаќање од друго лице во Ваше име и сметка - Доставете ни ги доказите за уплата до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во кои се назначени контакт лица до кои треба да се обратите, доказот за извршената уплата испратете го до назначените лица.
  6. Несодветно извршена корекција во Годишната даночна пријава која била потврдена од страна на УЈП - во ваков случај обратете се до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во кои се назначени контакт лица до кои треба да се обратите, обратете се до назначените лица и доколку сте утврдиле каде е грешката, појаснете ја во вашата порака.
  7. Без да поднесете аконативна пресметка сте извршиле плаќање на данокот самостојно, па потоа сте ја коригирале Годишната даночна пријава, така што е предизвикана обврска - обратете се до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во која се назначени контакт лица до кои треба да се обратите, обратете се до назначените лица така што ќе доставите доказ за уплата и појаснување на ситуацијата.
  8. Несоодветно извршена уплата по обврската утврдена во Даночен биланс за утврдување на годишниот данок на доход од самостојно вршење дејност - Во ваков случај пронајдете ја уплатата и известете ги контакт лицата во опомената или известувањето, доколку сте добиле опомена или известување во која се назначени лица до кои треба да се обратите, или обратете се до info@ujp.gov.mk за така извршената уплата со цел од страна на Управата да биде извршено упарување на уплатата со задолжението и потоа да се прегенерира ГДП во која плаќањето ќе биде преземено.
  9. Несоодветно пополнето или непополнето поле за платени аконтации на данокот на личен доход (АОП38) во Даночен биланс за утврдување на годишниот данок на доход од самостојно вршење дејност - Контактирајте со Вашиот сметководител за да направи исправка на ДЛД ДБ. Откако ќе ја извршите исправката (или доколку сте ја извршиле претходно), дојавете за стореното до info@ujp.gov.mk или до контакт лицата кои се назначени во опомена или известување (доколку сте добиле), за да прегенерираме годишна даночна пријава заради преземање на исправката на ДЛД-ДБ
  10. Несоодветно пополнето или непополнето поле за намалување на даночната основа (АОП23) или за намалување на пресметаниот данок (АОП34) во Даночен биланс за утврдување на годишниот данок на доход од самостојно вршење дејност - Контактирајте со Вашиот сметководител за да направи исправка на ДЛД-ДБ. Откако ќе ја извршите исправката (или доколку сте ја извршиле претходно), дојавете за стореното на info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле опомена или известување дојавете до назначените лица, за да се прегенерира годишна даночна пријава заради преземање на состојбата од исправката на ДЛД-ДБ.
  11. Несоодветно извршени плаќања по месечните аконтации на ДЛД утврдени во решение за утрдување на данок според паушално утврден нето доход од вршење самостојна дејност - ова може да значи дека не сте го реализирале налогот со фолио бројот кој се генерира со поднесување и одобрување на пресметката. Во ваков случај пронајдете ја уплата и за така извршената уплата, обратете се до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во која се назначени контакт лица до кои треба да се обратите, за да од страна на Управата биде извршено упарување на уплатата со задолжението и потоа да се прегенерира ГДП во која плаќањето ќе биде преземено.
  12. Несоодветно поднесени МПИН пресметки за самовработено лице-самостоен вршител на дејност само за уплата на придонеси, заради што истите се имаат појавено во годишната даночна пријава како плата за која се пресметува обврска за данок - во ваков случај обратете се до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во која се назначени контакт лица до кои треба да се обратите, обратете се до назначените лица за да биде тргнат податокот кој предизвикува обврска.
  13. Паушалец сте кој во текот на изминатиот даночен период користел боледување и во периодот додека сте биле на боледување, никој (вработен или лице кое помага) не продолжил да ја работи дејноста - во ваков случај обратете се до info@ujp.gov.mk или доколку сте добиле известување или опомена во која се назначени контакт лица обратете им се, доставете потврда дека сте биле на боледување во периодот.
  14. Во минатиот даночен период донесено е решение за плаќање на данокот од вршење дејност според паушално остварен нето доход, а сте ја одјавиле дејноста во Централен регистар - Во ваков случај обратете се до info@ujp.gov.mk или до контакт лица доколку сте добиле известување или опомена во која се назначени контакт лицата обратете им се, доставете го решението од Централниот регистар за бришење на субјектот.

Доколку Вашиот случај не го препознавате во горенаведените или не сте сигурни, тогаш обратете се за помош и понатамошни инструкции на info@ujp.gov.mk или во даночните канцеларии на УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија