Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Уверение за состојба на остварен доход

Уверение за состојба на остварен доход се издава за даночен обврзник на данокот на личен доход за остварениот доход за период до една календарска година и тоа според видови на остварен доход согласно Законот за ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД (доколку уверението се издава за периоди почнувајќи од 01.01.2019 година), односно согласно Законот за ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД (доколку уверението се издава за периоди заклучно со 31.12.2018 година).

ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СОСТОЈБА НА ОСТВАРЕН ДОХОД

Уверение за состојба на остварен доход се издава по претходно поднесено Барање (образец Б/УОД).
Напомена: За состојба на остварен доход за период подолг од една календарска година или за повеќе календарски години, се поднесува посебно Барање (образец Б/УОД) за секоја календарска година.
Барањето (образец Б/УОД) се поднесува во писмена форма во два идентично пополнети примероци во надлежната организациона единица на УЈП (РД/ДО/ДШ) која го администрира даночниот обврзник на данокот на личен доход - домашно физичко лице, странско физичко лице или лице кое остварува доход од самостојна дејност.

Барањето (образец Б/УОД) може да го поднесе лично странката, законскиот застапник или полномошник на странката или службено лице од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката согласно закон.

  • Доколку Барањето (образец Б/УОД) се поднесува преку законски застапник или полномошник на даночниот обврзник, во прилог на барањето задолжително се доставува копија од доказ за законски застапник или овластување (полномошно) во име и за сметка на обврзникот да се преземаат дејствија во даночната постапка.
  • Доколку Барањето (образец Б/УОД) се поднесува од службено лице од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката согласно закон, доказот за согласност од лицето за употреба на личните податоци во постапката на прибавување на податоци за состојба на остварен доход по службена должност го обезбедува јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката во согласност со Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност.

Во Барањето (образец Б/УОД) задолжително се пополнуваат бараните податоци за даночниот обврзник на данокот на личен доход за кого се поднесува барањето, податоците за основ (се избира само еден од наведените основи) и за период за кој се бара издавање на уверение (до една календарска година).

Административни такси

Издавањето на уверение за состојба на остварен доход е ослободено од плаќање на административни такси согласно Законот за административните такси, само доколку Барањето (образец Б/УОД) се поднесува по било кој од долунаведените основи: 

Основ наведен во барањето поради кој се бара издавање на уверение за состојба на остварен доход Ослободени од плаќање на административни такси согласно ЗАТ
Воена помош член 15 став 1 точка 14 од ЗАТ - воените инвалиди од војните, мирновремените воени инвалиди и инвалидите на трудот, децата кои се уживатели на семејна инвалиднина и децата уживатели на лична инвалиднина до навршени 25 години од животот - за списите и дејствата во врска со школувањето во сите школи
За пред Aгенција за вработување на РСМ член 15 став 1 точка 16 од ЗАТ - граѓаните за пријава на конкурс и оглас за засновање на работен однос и други поднесоци, за актот за засновање работен однос - како и за списите и дејствата во врска со остварувањето и заштитата на правата од работен однос
Еднократна парична помош член 15 став 1 точка 17 од ЗАТ - работниците кои привремено се наоѓаат надвор од работен однос, во постапката за добивање на материјално обезбедување и за други права кои по тој основ им припаѓаат
Социјална парична помош член 15 став 1 точка 20 од ЗАТ - граѓаните со слаба имотна состојба, корисници на основни и други права според Законот за социјална заштита
Постојана парична помош
Усвојување на дете и поставување на старател член 18 став 1 точка 9 од ЗАТ - списи и дејства во постапката за усвојување и во постапката за поставување на старател
За пред Фонд за здравствено осигурување на РСМ член 18 став 1 точка 12 од ЗАТ - списи и дејства за остварување на правата од здравственото, пензиското и инвалидското осигурување
Сместување во социјални установи член 18 став 1 точка 13 од ЗАТ - списи и дејства за доделување на социјална помош и за остварување на други форми на социјална заштита (сместување во социјални установи и слично)
Детски додаток член 18 став 1 точка 22 од ЗАТ - списи и дејства во постапката за остварување на правото на додаток на деца
Стипендија, односно кредит за школување член 18 став 1 точка 34 од ЗАТ - списи и дејства со кои се регулира односот меѓу примателот и давателот на стипендија, односно кредит за школување, од денот кога односното лице се здобило со својство на стипендист, односно од денот кога му е одобрен кредит
Друго доколку за основот наведен во полето „Друго“ од барањето е предвидено ослободување од плаќање на административни такси согласно ЗАТ, задолжително се пополнуваат податоците во барањето за членот од ЗАТ по кое е предвидено ослободувањето

Доколку Барањето (образец Б/УОД) се поднесува по основ на „Друго“, потребно е да се изврши увид во член 15 и 18 од Законот за административните такси дали поднесувањето на барањето и издавањето на уверение е ослободено од административни такси. Доколку не е, потребно е да се изврши плаќање на административни такси во вкупен износ од 100 денари (50 денари за барањето и 50 денари за уверението).
Плаќањето на административната такса може да се врши преку:

  • Налог ПП 50 (задолжително во прилог на барањето се доставува копија од налогот); или
  • Мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos”. По праќањето на пораката, праќачот повратно добива Трансакциски код, кој се состои од 10 бројки (задолжително во барањето се внесува трансакцискиот код во соодветното поле).

Напомена: Доколку Барањето (образец Б/УОД) е поднесено по службена должност од службено лице од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката, надлежниот јавен орган има обврска да ги наплати административните такси од странката во име и за сметка на УЈП (доколку не е предвидено ослободување од плаќање на административни такси согласно ЗАТ).

Прилози

Во прилог на Барањето (образец Б/УОД) задолжително се поднесува копија од документ/и (објаснето погоре) со кои ќе може да се потврдат податоците во барањето. Доколку во прилог на барањето се доставува документ кој не е наведен, во полето “Друго“ се впишуваат податоци за документот (назив, број, датум и надлежниот орган кој го издал).

Отстранување на формални недостатоци на барањето

Доколку во Барањето (образец Б/УОД) не се наведени податоците за идентификација на даночниот обврзник, не е наведен период или е наведен период подолг од една календарска година, не е означен ниту еден основ или се означени повеќе основи за поднесување на барањето, доколку нема доказ за извршена уплата на административни такси или нема наведено трансакциски код за плаќање со СМС порака или други докази (во случаите кога тоа е потребно), или доколку барањето не е потпишано, се смета дека барањето има формални недостатоци.
УЈП доставува Известување за формални недостатоци на поднесок, со кое ќе се побара во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставување на известувањето, подносителот да ги отстрани формалните недостатоци.

Отстранувањето на формални недостатоци, подносителот го врши со поднесување на „Исправка“ на Барање (образец Б/УОД). При поднесување на новото барање се означува полето „Исправка“ и се пополнува „Број“ на прием на барањето за кое се врши исправка. Исправката не се врши преку искажување на разликите во податоците, туку преку искажување на целосни и точни податоци.
Напомена: За „Исправка“ на Барањето (образец Б/УОД) не треба да се врши уплата на административни такси.
Доколку подносителот не ги отстрани формалните недостатоци во определениот рок од Известувањето за формални недостатоци на поднесок, УЈП донесува Решение за отфрлање на поднесок.

Доколку Барањето (образец Б/УОД) е поднесено за лице кое не е или не било регистрирано во Единствениот регистар на даночни обврзници на УЈП, односно не поседува или не му бил доделен Даночен идентификационен број во РСМ (ЕДБ или ЕМБГ) во периодот наведен во барањето, ќе се смета дека таквото лице не е регистрирано и нема статус на даночен обврзник во УЈП, поради што се издава Потврда за статус на регистрација на даночен обврзник, со која ќе се потврди ваквата фактичка состојба.

ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СОСТОЈБА НА ОСТВАРЕН ДОХОД

УЈП издава Уверение за состојба на остварен доход најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на поднесување на Барањето (образец Б/УОД) во писмена форма.

Рокот за издавање на Уверение за состојба на остварен доход по службено Барање (образец Б/УОД) поднесено од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката е 7 (седум) дена од денот на приемот на службеното барање поднесено во писмена форма.

Напомена: Уверение за состојба на остварен доход не го вклучува: доходот кој не е предмет на оданочување и кој е ослободен од оданочување согласно закон; доходот кој обврзникот или исплатувачот на доход имале обврска да го пријават, а не го пријавиле навремено; доходот кој може да се појави во постапка на службено утврдување на данок; и доходот за кој не е утврдена конечна обврска по основ на данок на личен доход за годината за која се издава уверението.

Доколку обврзникот не се согласува со податоците наведени во уверението, потребно е да се обрати Управата за јавни приходи во рок од 3 (три) дена од добивањето на истото, со приложување на докази.
Доколку обврзникот нема забелешки и не реагира на точноста на податоците во наведениот рок во издаденото уверение, се смета дека се согласува со истите.
Доколку даночниот обврзник врз основа на доказите со кои располага смета дека уверението не содржи податоци за фактичката состојба на остварен доход, може да бара од УЈП измена на уверението или да му се издаде ново уверение. Во ваков случај, УЈП врши измена на уверението или издава ново уверение.
За извршената измена или издавање на ново уверение, не треба да се врши уплата на административна такса.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија