Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Период за поднесување на други обрасци

Даночниот календар е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци. 

Други рокови и периоди на поднесување на обрасци
Рок Образец Даночен обврзник Опис
25 дена по истекот на календарскиот месец во кој е престанато со вршење на дејност   ДДВ-04 ДДВ обврзници Доколку престанувате со вршење на дејност, задолжително поднесете ДДВ пријава (образец “ДДВ-04”).
15 дена од денот на регистрација во надлежен регистар, или пред отпочување на вршење на дејноста   ДЛД-П Граѓани (трговец-поединец, занатечија и сл.) Ако остварувате доход од самостојна дејности не сте во состојба да водите деловни книги, поради определени околности, можете да поднесете (образец “ДЛД-П”), заради паушално плаќање на данокот на доход. Овој Образец ("ДЛД-П") го поднесува и физичколице кога врши дејност од времен карактер (продажба на крофни, честитки и сл.) најдоцна пред отпочнување на вршење на дејност.
15 дена од почетокот од вршење на дејност   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку започнувате со вршење на дејност во текот на календарската година, обврзани сте или сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете образец “ДДВ-01“.
25 дена по завршувањето на секое календарско тримесечје   ДДВ-ЕПФ Примател на прометот - Проектот Примателот на прометот-Проектот е должен да води евиденција за примените фактури за прометот ослободен од ДДВ согласно член 24-а од ЗДДВ и истата да ја достави до Управата за јавни приходи по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk
30 дена од денот на исполнувањето на договорот за донации или спонзортво   УЈП-ИДС/ПР Примател на донација (домашно и странско правно лице) и примател на спонзортво (домашно правно лице) Доколку за примената донација или спонзорство се предвидени даночни потикнувања, примателот на донација или спонзортво е должен до УЈП да достави Извештај за примената донација или спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ПР“) и во прилог задолжително да достави: Договор за донацијата, Решение на Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес за предвидената донација или спонзорство, Потврда за донација со која го потврдува добивањето на донацијата и Доказ за наменско користење на добиените средства.
30 дена од денот на исполнувањето на договорот за донации или спонзортво   УЈП-ИДС/ДВ Давател на донација и спонзорство (домашно и странско физичко и правно лице) Доколку за дадената донација или спонзорство се предвидени даночни потикнувања, давателот на донација или спонзорство е должен до УЈП да достави Извештај за дадена донација или спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ДВ“), и во прилог задолжително да ги достави Договорот за донацијата и Решението на Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес за предвидената донација или спонзорство.
30 дена од денот на престанување на условите за даночно ослободување   ДД-ДО Правно лице При престанување на условите за даночно ослободување по основ на реинвестирана добивка (извршени вложување во материјални и нематеријални средства) и донирани финансиски средства на спортски субјекти (врз основа на ваучер издаден од Агенција за млади и спорт), а со цел плаќање на данокот на добивка, до Управата за јавни приходи доставете образец „ДД-ДО“ - Пресметка на данок на добивка при престанување на услови за даночно ослободување.
60 дена по настаната промена   ДБ-НП/ВП Организации Здруженијата на граѓани, фондациите, сојузите, како и секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување (организации), регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации, кои се обврзници за пресметување и плаќање данок на вкупен приход и кај кои настанала статусна промена (присоединување, спојување и поделба), поднесуваат образец „ДБ-НП/ВП“-Даночен биланс на непрофитни организации.
60 дена по настаната промена (статусна промена, односно ликвидација или стечај)   ДБ Фирми Доколку настанала статусна промена (присоединување, спојување и поделба), односно е отворена постапка на стечај или ликвидација поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“).
во рок до три месеци по испраќањето на записникот од надворешната контрола   УЈП-ДИ-З.2-57/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) По реализација на надворешна контрола, а со цел да добиете објаснување како одредена фактичка состојба ќе биде даночно-правно третирана во иднина можете да поднесете Барање обрзувачка согласност ознака УЈП-ДИ-3.2-57.
во рок од 15 дена по потврденото барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјект   ИДО-ДС Правно лице Доколку сте донирале финансиски средства на спортски субјекти преку системот Е-даноци во рок од 15 дена по потврденото барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти, доставете образец „ИДО-ДС“-Известување за извршена донација во спорт, во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk
во рок од 2 седмици од денот на приемот на известувањето за именување на стручното лице   УЈП-ДИ-З.2-51/1 Секој даночен обврзник (правно лице, СВД, физичко лице) Доколку оправдано се сомневате во непристрасноста на ангажираното стручно лице од УЈП, односно заради неговото стручно мислење може да дојде до повреда на вашата деловна тајна или да настане штета за вашето деловното работење можете да поднесете Барање за изземање на стручно лице УЈП-ДИ-З.2-51.
во рок од 5 дена по денот на спроведеното извршување од парични средства од обврзникот за пресметка и уплата на придонесите   МПИН Извршител Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) за задолжителни социјални придонеси и ДЛД од плати, за обврзник за плаќање за кој има спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда (во примена од 1 јануари 2017 година).
во рок од 5 дена по денот од денот на распределбата на стечајната маса   МПИН Стечаен управник Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) за задолжителни социјални придонеси и ДЛД од плати, за обврзник за плаќање вработен кај должникот кого го застапува и претставува, за месеци пред отварање на стечајната постапка, доколку распределениот дел од стечaјната маса за придонеси е помал од обврската за придонеси пресметана од должникот.
во рок од 5 работни дена од денот кога е извршена целосна уплата од страна на стекнувачот на доброто во постапка на присилна наплата, односно во рок од 5 работни дена од денот на одржаната делба во постапка на присилно извршување.   ДДВ-ПНПИ Субјект надлежен за постапката за присилна наплата, односно присилно извршување Субјектот надлежен за спроведување на постапката е должен Извештајот (образец ДДВ-ПНПИ), да го достави до УЈП по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk: 1) во постапка на присилна наплата - најдоцна во рок од 5 работни дена од денот кога е извршена целосна уплата од страна на стекнувачот на доброто; 2) во постапка на присилно извршување - најдоцна во рок од 5 работни дена од денот на одржаната делба.
до 10-ти во месецот за доходот остварен во претходниот месец   е-ППД Граѓани Поднесeте Електронска пресметказа приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk, за доходот од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари.
до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е заврен договорт за купопродажба на нотар   е-ППД Граѓани Поднесeте Електронска пресметка за приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk, за капитални добивки од продажба недвижен имот.
до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата или е извршен упис на промената на сопственоста во трговскиот регистар   е-ППД Граѓани Поднесeте Електронска пресметка за приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk, за капитални добивки од продажба на учество во капиталот.
до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот   е-ППД Граѓани Поднесeте Електронска пресметка за приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk, за доходот остварен од повремено вршење услуги на физички лица.
до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот   е-ППД Граѓани Поднесeте Електронска пресметка за приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk, за капитални добивки од продажба на нематеријален имот
до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот   е-ППД Граѓани Поднесeте Електронска пресметказа приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk, за доходот од странство, доходот одработа во дипломатски, односно конзуларнипретставништва на странски држави, кај претставници и службеници на таквипретставништва кои имаат дипломатски имунитет и за кои даночниот обврзник сам го утврдува и уплатува данокот и друг доход.
до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот   е-ППД Граѓани Поднесeте Електронска пресметка за приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk, за капитални добивки од продажба на подвижен имот.
до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот, односно до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е предаден во закуп или подзакуп, доколку во договорот е утврдено одложено издавање   е-ППД Граѓани Поднесeте Електронска пресметка за приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk, за доход од закуп и подзакуп.
до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање, ако времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец   е-ППД Граѓани Поднесeте Електронска пресметка за приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk, за доход од закуп и подзакуп.
до 15-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен промет од 1 милион денари   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку во текот на календарската година го надминете износот на остварен промет од 2.000.000 денари, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ (образец “ДДВ-01“).
еден месец од денот на престанувањето на причината за пропуштање на рокот или од денот од кој даночниот обврзник дознал за причината за пропуштање на рокот   БВПС/ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку, не по своја вина, сте биле спречени да го запазите законскиот рок за поднесување на Пријавата за регистрација за ДДВ (образец “ДДВ-01“) имате право да поднесете Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ (образец “БВПС/ДДВ-01“).
најдоцна во рок од 5 години по истекот на календарската година во која е извршен прометот   ДДВ-14/а Членови на меѓународни организации Можете да барате враќање на ДДВ на образец “ДДВ-14/а“ доколку како член на меѓународни организации сте стекнале добра или пак сте користеле услуги за лични потреби.
најдоцна во рок од 5 години по истекот на календарската година во која е извршен прометот   ДДВ-13 Странски дипломатски или конзуларни преставништва Ако сте набавиле добра или сте користеле услуги за службени потреби можете да барате враќање на ДДВ на образецот “ДДВ-13“.
најдоцна во рок од 5 години по истекот на календарската година во која е извршен прометот   ДДВ-14 Mеѓународни организации Ако сте набавиле добра или сте користеле услуги за службени потреби можете да барате враќање на ДДВ на образецот “ДДВ-14“.
најдоцна во рок од 5 години по истекот на календарската година во која е извршен прометот   ДДВ-13/а Шефови на дипломатско претставништво, членови на дипломатскиот персонал на странско дипломатско претставништво, и конзуларни функционери, како и нивните брачни другари Можете да барате враќање на ДДВ на образец “ДДВ-13/а“ доколку како шефови на дипломатското претставништво, членови на дипломатскиот персонал, конзуларни функционери или како брачни другари, сте стекнале со добра или пак сте користеле услуги за лични потреби или за потреби на членовите на семејствата.
најдоцна до 10 во месецот кој следи по месецот се поднесува промената   ДЛД-И/ЗП Организатор на зелен пазар За секоја промена на корисниците на продажните места на зелени пазари,трговецот кој организира зелен пазар е должен до УЈП да достави извештај (образец "ДЛД/И-ЗП") за корисниците на продажните места на зелените пазари.
најдоцна наредниот ден по денот на исплатата на доходот   е-ППД Исплатувач на добивки од посебни игри на среќа (казино, обложувалница и автомат клуб) Поднесeте Електронска пресметказа приходи и данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp. gov.mk, за исплатениот доход - добивки одигри на среќа и за пресметаниот и платенданок по одбивка.
при исплата на дивиденда и на други исплати од добивката   ДД-ИД Фирми Ако вршите исплата на дивиденда или други исплати од акумулираните добивки остварени во периодот од 2009 до 2013 година, поднесете Пресметка на данокот на исплатени дивиденди и други распределби од добивката (образец “ДД-ИД“).
при набавка на фискален апарат   ФА-01 Фирми и граѓани кои остваруваат доход од самостојна дејност (автотакси превозник) Ако вршите услугa- превоз на патници со такси возила (автотакси превозник) за кој плаќањето се врши готовински, поднесете го (образецот “ФА-01”).
при поднесување на “ДДВ-04” за соодветниот даночен период   ДДВ-ИПДО ДДВ обврзници Доколку даночниот обврзник врши промет на добра и услуги, за кој даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот, има обврска да достави образец “ДДВ-ИПДО“, како прилог кон ДДВ-пријавата (образец “ДДВ-04“).
при престанок на употреба на фискалниот апарат   ФА-03 Фирми и граѓани кои остваруваат доход од самостојна дејност (автотакси превозник) Ако престанувате да постоите или да го употребувате фискалниот апарат, поднесете го образецот “ФА-03”.
при промена на податоците за регистрација на деловниот објект или промена на фискалната меморија   ФА-02 Фирми и граѓани кои остваруваат доход од самостојна дејност (автотакси превозник) Ако вршите услугa- превоз на патници сотакси возила (автотакси превозник) за кој плаќањето се врши готовински, поднесете го (образецот “ФА-02”).
при регистрација на фискален апарат   КДФИ-01 Фирми и граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Книгата за дневни финансиски извештаи (образец “КДФИ-01“) се води за секој деловен објект во кој се користат фискални апарати. Образецот не се заверува во УЈП.
при регистрација на фискален апарат или при обновување на образецот поради исполнетост   ИСК-03 Фирми и граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Итната сметководствена книга (образец “ИСК-03“) се води во случај на престанок на електричната енергија или кога апаратот ќе се оштети. Образецот задолжително се заверува во УЈП.
при регистрација на фискален апарат и при обновување на потребните количини парагон блок и итна сметководствена книга   УЈП-УД-З.2-11/2 Фирми и граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност Ако користите фискален систем на опрема, поднесете го образецот УЈП-УД-З.2-11.
при секоја исплата   е-ППД Фирми, трговци поединци и самостојни вршители на дејност За доходот на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, должни сте да достваите пресметка за бруто доходот, одбитоците, пресметаниот данок по одбивка и нето доходот за исплата, за секој обврзник поединечно.
со доставување на образец “ДБ“   И-ПД Фирми Доколку искажете намалување на даночната основа по основ на примени дивиденди во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“), доставете Изјава за платен данок на добивка (образец “И-ПД“) како прилог кон образецот “ДБ“.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија