Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Преглед на образец
Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност
Кратко име: ДДВ-01
Тип на данок: Данок на додадена вредност

Пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност задолжително ја поднесуваат даночните обврзници со фактичко седиште, подружница, постојано живеалиште или престојувалиште во земјата чиј вкупен промет во изминатата календарска година го надминал износот од 2.000.000 денари, даночните обврзници кои во текот на календарската година го надминат износот на остварен вкупен промет од 2.000.000 денари, како и обврзниците кои при отпочнување со вршење на стопанска дејност проценуваат дека вкупниот промет во тековната година ќе го надмине овој износ. Пријавата за регистрација ја поднесуваат и оние даночни обврзници кои доброволно сакаат да се регистрираат зa данокот на додадената вредност, иако нивниот вкупен промет не надминува 2.000.000 денари.
Пријавата за регистрација се поднесува најдоцна до 15-ти јануари во тековната година.
Ако во текот на годината се надмине износот на остварен вкупен промет од 2.000.000 денари, пријавата се поднесува најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот.
Доколку пак даночниот обврзник започнал со вршењето на дејноста во текот на календарската година, пријавата се поднесува во рок од петнаесет дена од почетокот на вршењето на дејноста.
Пријавата за регистрација може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk

Напомена: Образецот се применува од 04.01.2020 година.

Pdf_16   Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност  (206 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија