Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
20.05.2026
УЈП И АМЕРИКАНСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА ВО РСМ СО ЗАЕДНИЧКА ЗАЛОЖБА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ Е-ФАКТУРА

Управа за јавни приходи одржа работна средба со членки на Американска стопанска комора во Северна Македонија (AmCham North Macedonia), претставници на бизнис заедницата, посветена на проектот „е-Фактура“ – системско решение за електронско фактурирање кое има за цел поголема ефикасност, транспарентност и усогласеност со даночните процеси.

Во отворена и конструктивна дискусија, компаниите имаа можност да се запознаат со функционалностите и придобивките од системот, како и да ги споделат своите предлози и согледувања. Беше истакната заедничката определба за партнерска соработка, активно вклучување на бизнис заедницата во понатамошниот развој и тестирање на системот, како и заедничко градење современи и функционални дигитални решенија.

Посебен акцент беше ставен на значењето на континуираната комуникација и соработка меѓу институциите и приватниот сектор како клучен предуслов за успешна дигитална трансформација и унапредување на услугите за даночните обврзници. Во таа насока, беше потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката и развој на ефикасен, модерен и одржлив систем во интерес на бизнис заедницата и државата.

   

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија