Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
08.05.2026
е-ФАКТУРА: ВТОРА ТЕСТ ФАЗА - ТЕСТИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ НА СИСТЕМОТ ВКЛУЧЕТЕ СЕ АКТИВНО!

Време е сите компании кои развиваат софтверски решенија и компаниите кои користат сопствени софтвери за фактурирање активно да се вклучат и да го тестираат поврзувањето преку апликациски интерфејс, процесите и контролите на е-фактурата. Ова е услов за успешно прилагодување пред да започне реалната имплементација на е-фактурата.

Управата за јавни приходи известува дека во тек е втората фаза од тестирањето на системот е-Фактура. Во оваа фаза се проширува опсегот на тестирање, при што се овозможува тестирање на нови функционалности на системот преку АПИ врски за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура.

Во рамки на оваа фаза, проширена е листата за тестирање на даночни индикатори, кои претставуваат основа за правилно утврдување на даночниот третман на прометот.

Даночните индикатори се ознака за даночен третман на прометот (добра и услуги) и согласно Законот за ДДВ покажуваат дали прометот:

  • е оданочив со општа или повластена даночна стапка,
  • е ослободен од ДДВ (со или без право на одбивка на претходен данок),
  • не е предмет на оданочување со ДДВ,
  • подлежи на Reverse charge Механизмот (пренесување на даночна обврска).

Во текот на првата фаза, 390 компании направиле успешна најава на системот и овластиле 781 корисници да поднесуваат односно да примаат е-фактури преку тест платформата за е-Фактура. Од нив 89 успешно се интегрирале и поднесуваат е-фактури преку АПИ врска.

Напомена за сите компании кои тестираа во првата фаза: Со започнување на втората фаза, до сега доставените е-фактури нема да бидат видливи на ажурираната верзија на системот.

Даночните агенти на УЈП се достапни за директна комуникација и поддршка за успешно тестирање.

Корисни информации за тестирањето:

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија