Даночни ослободувања во земјата со право на одбивка на предходниот данок
Во даночни ослободувања во земјата со право на одбивка на предходниот данок спаѓаат:
- испораки на добра во странство, ако примателот на добрата е со седиште во странство;
- прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат во слободни зони, царински зони или царински складови. Прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат од земјата во слободните зони не е ослободен од ДДВ, доколку вкупниот износ на надоместокот за извршениот промет без ДДВ е еднаков или помал од 60.000 денари;
- услуги поврзани со извозот, увозот или транзитот на добра;
- работи на движни материјални добра кои биле набавени или увезени во земјата за таа цел и потоа биле извезени;
- услуги од страна на посредници за дејностите ослободени од ДДВ со право на одбивка;
- прометот на злато и други благородни метали спрема централни банки;
- прометот, модификацијата, поправката, одржувањето, чартерингот и изнајмувањето на летала кои се користат главно во меѓународниот комерцијален воздушен сообраќај, како и испораката, изнајмувањето, поправката и одржувањето на добрата кои служат за опремување на леталата;
- промет на добра и услуги кој служи за подмирување на непосредните потреби на леталата;
- меѓународниот воздушен превоз на патници во воздушниот сообраќај; и
- прометот на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен меѓу Република Македонија и странски донатори, ако во тој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци. Кај проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведуваат во услови на децентрализирано управување, даночното ослободување се однесува и за делот на средствата од национално кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија и тоа од сопствени средства или од други извори на финансирање.