Доколку странско правно лице остварува приходи во Р. Македонија за кои согласно меѓународниот договор за одбегнување на двојното оданочување се применува 0% даночна стапка, може наместо обрасците ЗД-О/ДИ, ЗД-О/КА, ЗД-О/АП, ЗД-О/ДП да поднесе пополнет образец “ЗД-ДО” со прилог Потврда за резидентност издадена од надлежен даночен орган во странство.
Барањето “ЗД-ДО“ во еден примерок, заедно со Потврдата за резидентски статус од надлежен даночен орган во странство, се доставува до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи ја спроведува потребната контрола и издава Одобрение за даночно ослободување.
За секоја исплата на приходот се поднесува ново барање.
Управата за јавни приходи може, во случаи кога исплатувачот исплатува приход во еднакви временски периоди по иста основа, да одобри ослободување за подолг временски период.
|