Memorandum_mk
Преглед на образец
Барање за бришење на залог воспоставен во постапка на присилна наплата
Кратко име: УЈП-ПН-З.2-30/1
Тип на данок: Сите јавни давачки

Даночниот обврзник може до Управата за јавни приходи да поднесе Барање за бришење на залог воспоставен во постапка на присилна наплата (образец УЈП-ПН-З.2-30) со кое може да бара бришење на залог воспоставен во постапка на присилна наплата согласно и под условите определени во член 134 од Законот за даночна постапка.

Барањето се поднесува во писмена форма до надлежната даночна канцеларија на УЈП според местото на седиште/живеалиште/престојување на даночниот обврзник или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

За поднесување на Барањето предвидено е плаќање на административни такси во вкупен износ од 300 денари, односно 50 денари за барањето и 250 денари за решението.
Административната такса може да ја платите на уплатница Налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„.

Pdf_16   Барање за бришење на залог воспоставен во постапка на присилна наплата  (282 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија