Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      
Recnik
Преглед на образец
Барање за паушално плаќање на персонален данок од доход
Кратко име: ПДД-П
Тип на данок: Персонален данок на доход

Oбврзникот кој поради определени околности не е во состојба да води деловни книги, или на кого нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе барање данокот од доход за приходите од вршење на дејност да го плаќа според паушално утврден нето-приход (паушално оданочување).

Барањето за паушално плаќање на персоналниот данок од доход може да се поднесе најдоцна до крајот на годината која претходи на годината за која се врши утврдување на данокот, до УЈП според живеалиштето на даночниот обврзник. Пример: Барањето се поднесува до 31.12.2017 година за да се оствари правото на паушално оданочување во 2018 година.

Управата за јавни приходи одлучува по поднесеното Барање, дали постојат околностите поради кои обврзникот не е во состојба да ги води деловните книги, или нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста.

Правото на паушалното оданочување не може да се признае на обврзникот кој врши трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари), кој вработува други лица, во чија дејност вложуваат други лица, чиј нето-приход во годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот е повисок од две годишни просечни плати.

Ако Управата за јавни приходи утврди дека престанале условите поради кои на обврзникот му е признаено правото данокот да го плаќа според паушално утврден нето-приход, во наредната година ќе го задолжи да води деловни книги.

Pdf_16   Превземи го документот  (232 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија