Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Преглед на образец
Брање за издавање на потврда за статус на регистрација на даночен обврзник
Кратко име: Б/ПС-РДО
Тип на данок: Регистрација

УЈП издава Потврда за статус на регистрација на даночен обврзник, за следните видови на статус на регистрација:

  • Регистриран даночен обврзник (доделен Даночен идентификационен број);
  • Нерегистриран даночен обврзник (не поседува Даночен идентификационен број);
  • Регистриран ДДВ обврзник;
  • Нерегистриран ДДВ обврзник; или
  • Друг вид на статус на регистрација на даночен обврзник.

Потврдата се издава по претходно поднесено Барање за издавање на потврда за статус на регистрација на даночен обврзник (образец Б/ПС-РДО), со цел да послужи како доказ за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за правата, обврските или правните интереси на странката (даночен обврзник) од страна на друг надлежен јавен орган, и тоа:

  • Враќање на ДДВ на даночен резидент на РСМ во странска држава;
  • Постапка за присилно извршување согласно член 43-а од Закон за данокот на додадена вредност;
  • За пред надлежен даночен орган во странска држава;
  • За пред надлежен орган во Република Северна Македонија; или
  • Друго.

За издавање на потврда од УЈП по поднесно Барање (образец Б/ПС-РДО) се наплаќаат административни такси во износ од вкупно 50 денари (за барањето), согласно член 37 и Тарифен број 1 од Законот за административните такси, освен во случаите кога е предвидено ослободување од плаќање на административни такси.

За повеќе информации во врска со поднесување на барање и издавање на потврда за за статус на регистрација на даночен обврзник кликни тука.

Pdf_16   Брање за издавање на потврда за статус на регистрација на даночен обврзник   (96 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија