Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Преглед на образец
Годишен извештај на исплатувачот на приходи за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи
Кратко име: ПДД-ГИ
Тип на данок: Персонален данок на доход

Исплатувачите кои вршат исплата на приходи на физички лица по следните основи:

  • лични примања
  • приходи од авторски права и права од индустриска сопственост
  • приходи од капитал
  • приходи од имот и имотни права
  • добивки од игри на среќа и
  • други приходи

за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, должни се до Управата за јавни приходи да достават годишен извештај за бруто остварените приходи од обврзниците, за пресметаниот и платениот данок и придонесите и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во текот на календарската година.

Годишниот извештај задолжително се поднесува по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/, најдоцна до 31 Јануари наредната година.

Економските субјекти кои вршеле исплати на граѓани и имале обврска да го пресметаат и уплатат персоналниот данок задолжително треба на граѓанинот да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во календарската година, најдоцна до 15 јануари наредната година.

Pdf_16   Превземи го документот  (3 MB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија