Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Преглед на образец
Извештај за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување
Кратко име: ДДВ-ПНПИ/ДС
Тип на данок: Данок на додадена вредност

Во случај на промет на недвижен имот во постапка за присилна наплата (согласно со Законот за даночна постапка) и промет на движен и недвижен имот во постапка за присилно извршување (согласно со Законот за извршување), кога даночен обврзник-должник е регистриран за целите на ДДВ, а доверителот е стекнувач на доброто, субјектот надлежен за присилна наплата, односно присилно извршување има обврска во име и за сметка на должникот да го пресмета данокот на додадена вредност за прометот на добрата кои се предмет на продажба во постапка на присилна наплата или извршување.

Пресметувањето на данокот го врши субјектот надлежен за постапката за присилна наплата, односно присилно извршување на образец ДДВ-ПНПИ/ДС - Извештај за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување.

Субјектот надлежен за постапката за присилна наплата, односно присилно извршување е должен Извештајот ДДВ-ПНПИ/ДС заедно со изготвениот акт кој е основ за стекнување со сопственост на движните и недвижните добра, да ги достави до должникот и до доверителот како стекнувач на доброто
 

Pdf_16   DDV-PNPI-DS_Izvestaj_270-23_20.12.2023  (81 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија